5 знаци дека купувате шминка која не ви одговара

5 знаци дека купувате шминка која не ви одговара

Главната цел на шминката е да ги прикрие недостатоците и да нè направи поубави и позадоволни. Ако не ја исполнува таа задача, тогаш е време да ја промените и да купите нови производи кои повеќе ќе ви одговараат. Следниве знаци покажуваат дека купувате и користите погрешна шминка…

1-5-znaci-deka-kupuvate-shminka-koja-ne-vi-odgovara-www.kafepauza.mk_

1. Пудрата не се совпаѓа со вашиот тен

Нема ништо полошо од видливите линии пудра на работ од лицето кои се сосема поразлични од нијансата на вашиот врат. Ова е еден од најчестите мејкап проблеми заради кои жените често се откажуваат од пудрата. Но, потребно е само да одвоите малку време и да ја пронајдете совршената нијанса, а за тоа секогаш можете да побарате совет од шминкер или кој било друг професионалец. Со пудрата која одговара на вашиот тен, линијата повеќе нема да биде видлива.

4-5-znaci-deka-kupuvate-shminka-koja-ne-vi-odgovara-www.kafepauza.mk_

2. Маскарата се лупи

Добрата маскара би требало да остане на вашите трепки во текот на целиот ден, без да создаде црни дамки околу вашите очи. Ако вашата маскара секогаш се лупи и размачкува по остатокот од лицето, време е да ја фрлите во ѓубре и да вложите во некоја поквалитетна, освен доколку не сакате да изгледате како претходната вечер да сте заспале со шминка, а утредента само сте излегле од дома без да се погледнете во огледало.

5-5-znaci-deka-kupuvate-shminka-koja-ne-vi-odgovara-www.kafepauza.mk_

3. Коректорот не ја исполнува својата задача

Главната задача на коректорот за подочници е да „излаже“ дека сте се наспале претходната вечер. Но, имајте на ум дека производите кои ви одговарале во вашите дваесетти, најверојатно нема да бидат добри и во триесеттите. Годините оставаат траги на лицето, исто како и стресот или недостатокот на сон, а брчките се продлабочуваат. Ако коректорот не ги прекрива темните кругови околу очите и само се насобира во брчките, тоа е знак дека ви е потребен нов. Денес постојат многу опции помеѓу кои сигурно би пронашле еден кој е создаден само за вас.

2-5-znaci-deka-kupuvate-shminka-koja-ne-vi-odgovara-www.kafepauza.mk_

4. Пудрата не покрива ништо

Додека сте млади, пудрата ви е потребна за изедначување на тенот и покривање на моменталните мозолчиња. Но, кога стареете деловите од кожата примаат црвеникава нијанса, а доаѓа и до дисколорација и потребна ви е пудра која ќе ги покрие сите тие недостатоци. Лесните текстури кои сте ги користеле во раните дваесетти повеќе не помагаат и потребна ви е погуста формула.

3-5-znaci-deka-kupuvate-shminka-koja-ne-vi-odgovara-www.kafepauza.mk_

5. Моливот за очи се размачкува

Доколку целиот живот се мачите со моливот за очи кој се размачкува на секои 5 минути откако ќе го нанесете, тоа значи и дека цел живот купувате лоши моливи за очи. Верувале или не, но моливот за очи може да трае во текот на целиот ден, а најсигурен избор се оние водоотпорните. Грешите и доколку ја нанесувате истата нијанса од средно училиште, бидејќи она што ви прилегало тогаш најверојатно ќе изгледа чудно во доцните дваесетти и триесетти години. Осудете се да испробате некоја нова нијанса, бидејќи голема е шансата пријатно да се изненадите.

6-5-znaci-deka-kupuvate-shminka-koja-ne-vi-odgovara-www.kafepauza.mk_

Откако ги решивме овие дилеми, останува шминката на очите, а за таа цел потребни ќе ви бидат овие клучни техники на шминкање кои треба да ги совладате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар