5 златни правила за карање во врската без ниски удари
Ниедна врска не може да пројде без ниту една кавга. Доколку нема кавги, тогаш најверојатно нешто не е во ред. Кога ќе дојде до кавга, најдобро е да внимавате да не задавате ниски удари, бидејќи и после кавгата тие ќе останат да лебдат во воздухот и нервозата сè уште ќе остане присутна. Затоа кога ќе настане кавга внимавајте на следниве неколку правила.
Кога е најлошо подобро е да се повлечете
Ако не можете да издржите под притисокот, тогаш повлечете се. Ако немате каде да се тргнете, тогаш барем обидете се да ја промените темата или да направите пауза за смирување, пред да кажете нешто од кое нема враќање. Во секоја кавга се кажуваат секакви работи, кои најчесто не ги мислиме, па затоа е многу важно понекогаш да се повлечете.
Дишете длабоко
Секое длабоко вдишување го намалува стресот, а доколку се сконцентрирате многу полесно ќе ја поднесете кавгата и ќе ја избегнете непотребната бурна реакција.
Смејте се
Секако, не треба да се смеете иронично за да го излудите партнерот, туку да се обидете да внесете малку позитивна енергија во кавгата. Промената на негативното струење за време на кавгата, може да придонесе полесно да дојдете до заклучок и да го решите проблемот побрзо.
Сложувајте се
Доколку се држите до вашата страна, а партнерот сепак каже нешто што има смисла, немојте да смислувате контрааргумент кој не оде никому во прилог. Сложете се кога знаете дека тој е во право, а со тоа ќе покажете дека сте разумна личност која сака да го реши проблемот.
Смирете се
Ова е секогаш најтешко, но што побрзо го намалите тонот, толку побрзо ќе го решите проблемот. Доколку постојано го повишувате тонот, многу брзо ќе дојде до апсолутно несогласување, а кавгата ќе се претвори во натпреварување чиј став ќе биде последен.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.