5 животни совети кои ќе ви помогнат да ги избришете грижите и сомнежите

5 животни совети кои ќе ви помогнат да ги избришете грижите и сомнежите

Кога размислуваме за својот живот, неспоредливо повеќе време поминуваме грижејќи се за иднината, која по сите прилики е неизвесна, отколку што се фокусираме на моментот во кој се наоѓаме. Тоа е погрешно. Токму затоа и прочитајте ги следниве 5 совети како да се ослободите од грижите и сомнежите и најдобро да ја искористите сегашноста.

5 животни совети кои ќе ви помогнат да ги избришете грижите и сомнежите

1. Кога се грижите за нешто наместо да го направите, размислете каква обврска избегнувате и одложувате. Понекогаш се правдаме дека имаме премногу грижи и поради тоа не се соочуваме со своите проблеми, што е контрапродуктивно.

2. Ако и понатаму не можете да се ослободите од грижите, одредете во кое време ќе се бавите со нив. Одвојте 10 минути за грижите наутро и одбијте да се грижите до попладневните „10 минути за грижење“. Подоцна скратете го ова време.

3. Поставете си го себеси прашањето дали некогаш дошло до некакви промени како директна последица на вашите грижи. Запрашајте се следново: „Дали тоа што се грижам за парите, политиката, временската прогноза може да влијае на тие прашања? Ако се грижам моето дете да не се повреди, дали со тоа можам да влијаам врз тоа да не му се случи ништо?“

4. Вратете се во минатото и составете список за сѐ што сте се грижеле изминатата недела или минатата година. Дали таа грижа влијаела врз исходот и разрешавањето на проблемите? Ќе откриете дека грижата, сама по себе, не може да помогне во решавањето на тоа што ве мачи, туку таа претставува аларм дека треба да направите нешто конструктивно.

5. Нема поента да се грижете за она врз кое немате контрола, исто како што нема поента да се грижите за она врз кое имате контрола, бидејќи во тој случај не можете нешто да преземете. Соочете се со тие проблеми, бидејќи не вреди ако само ги напаѓате со мисли. Вашата улога е да бидете доволно мудри за да можете да препознаете каде вашиот придонес на мисли и дела вреди да се вложи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар