5 женствени фризури за топлите летни денови
Високите летни температури се идеално време за природен изглед, спонтаност, опуштени фризури и романтичниот бохо стил, кој оваа сезона е омилен ширум светот. Во продолжение ви ги откриваме наједноставните, но истовремено и најубавите фризури за топлите летни денови.
1. Секси бранови
Брановидната коса е можеби една од омилените фризури на девојките кога се подготвуваат за на плажа. Таа е толку лесна за подготовка, што сè што треба да направите по бањањето е да не ја исчешлате, ниту фенирате, туку само со пешкир малку да ја забришете и да нанесете силикон на врвовите. Косата треба да дише и лесно да паѓа на вашите рамена.
2. Бушаво опавче
Ако ви е многу топло, можете да ја подигнете косата високо на вашата глава, во форма на коњско опавче. Но, немојте премногу да ја затегнувате и оставете по некој прамен да паѓа по вашето лице или позади, на вратот. За поголем ефект, можете дури и да ја истапирате косата од напред кон наназад, како и опавчето. Ќе изгледате фантастично!
3. Несредена пунџа
Наместо опавче, косата можете да ја соберете и во форма на несредена пунџа така што повторно ќе ја оставите бушава, со отпуштени прамени покрај лицето и на вратот. Што се однесува до самата пунџа, можете да ја подигнете на врвот од главата, на средината или при дното, на коренот на вратот.
4. Половично собрана коса
Ако сакате да оставите пуштена дел од вашата коса, тогаш соберете ги само горните прамени во опавче или пунџа. На овој начин ќе изгледате многу шик и кул.
5. Лесна плетенка
Овие плетенки се еден од најдобрите начини да ја тргнете косата од вашите рамена, додека истовремено давате до знаење дека сте во чекор со модните трендови. Можете да ја направите на страна или како рибја коска, дел или пак, да ја соберете целата.