5 жени откриваат како изгледа вљубувањето

5 жени откриваат како изгледа вљубувањето

Нема друго чувство како вљубувањето. Многу често се појавува од никаде. Го гледате партнерот кој прави највообичаени нешта, и сфаќате дека сте се вљубиле. Постои причина што љубовта е тема на многу песни, поеми и романи. Самото чувство е различно за секоја личност, но сепак љубовта е нешто универзално што секој го разбира. Во продолжение погледнете како 5 жени го опишуваат нивното вљубување.

5 жени откриваат како изгледа вљубувањето

Вљубувањето е и страшно и безбедно

„На почетокот вљубувањето ми беше страшно бидејќи преземав голем ризик со моите емоции. Истовремено беше возбудливо и сè уште сум среќна бидејќи знаев дека најдов некој кој се грижи за мене и кој ме поддржува без разлика на сè“, Алекс, 23

Вљубувањето значи да имате некого крај себе

„Вљубувањето е како да сте притиснале копче за рестартирање, за подобро или полошо. Заборавате како е да бидете повредени или барем не ви е грижа за тоа. И ако љубовта не ви ги среди сите проблеми во животот, ви помага да заборавите на нив бидејќи фокусот и енергијата ви одат кон некој друг. Дури и ако не поправи ништо, се чувствувате како да имате некој со кого ќе надминете сè“, Кристи, 23

За вљубувањето може да биде потребно време

„Ми се допаѓаше уште од средно, но ништо не се случи. Бевме само добри пријатели и се дружевме, одевме на натпревари и на забави. Повторно се поврзавме на факултет и отидовме на неколку состаноци. Се шегував со него за тоа дека сакав да ми рече да му бидам партнерка за матура во средно, но никогаш не ме праша. Подоцна дознав дека дошол на училиште со цвеќе и картичка подготвен да го направи токму тоа, но дознал дека некој друг веќе ме прашал. Кога ми ја кажа таа приказна бев навистина среќна што добивме втора шанса. Ме натера да го сакам уште повеќе знаејќи дека се обидел одамна и уште е упорен. Не се откажал“, Дру, 22

Вљубувањето може да почне со привлекување

„На почетокот беше навистина згоден, а кога го запознав сфатив дека е многу фин и дека ми се допаѓа. По неколку настани на некој начин го одбив и сакав работите да се одвиваат побавно. Сфатив дека навистина ми се допаѓа. Му велев дека го мразам, што е мој детинест начин на изјавување љубов“, Мишел, 23

Вљубувањето прави сè да изгледа подобро

„Вљубувањето е како врз вашиот живот да бил поставен филтер. Секој аспект од вашиот ден, дури и деловите во кои тој не е вклучен, изгледа посветол бидејќи ја имате оваа личност во вашиот живот“, Ема, 23

Погледнете и што се случува со вашето тело кога сте вљубени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар