5 здравствени придобивки од зелениот чај
Автор: Сања Стојковска
Чајот е еден од најценетите и најпиените пијалаци ширум светот. Покрај фактот што е вкусен и евтин пијалак без калории, тој содржи уникатни природни состојки што ни обезбедуваат многу здравствени придобивки. Сè поголем број истражувања покажуваат дека чајот, особено зелениот и црниот чај имаат висок степен на антивирусни, антивоспалителни и антиоксидантни својства.
Ние ви прикажуваме 5 главни здравствени придобивки од пиењето зелен чај.
1. Орално здравје или здравје на усната празнина
Заедно со природниот флуорид што се состои во зелениот чај, и полифенолите и катехините се поврзани со заштитување на оралното здравје и убивање на бактериите што создаваат расипување на забите, лош здив и парадентозата, која пак, е главна причина за паѓањето на забите.
Една научна студија покажала дека конзумирањето на неколку шолји зелен чај дневно може значително да го намали ризикот од губење на забите. Додавањето, пак, на шеќер, мед или други слатки додатоци, доведуваат до губење на овие бенефиции на чајот.
2. Здравје на коските
Навиката да се пие зелен чај, особено во континуитет од повеќе години, значително го намалува ризикот од појава на остеопороза. Тоа значи дека зелениот чај помага при намалување на губењето на коскената маса преку антивоспалителните процеси што ги предизвикува. Исто така, помага при создавањето на нови и здрави коскени клетки.
3. Губење на тежината
Иако на оваа тема сè уште нема многу истражувања, се смета дека катехините што се содржани во зелениот чај предизвикуваат термогенеза односно загревање на телото што доведува до топење на калориите, а со тоа и до губење на телесната маса. Пиењето на барем 3 шолји дневно го забрзува метаболизмот.
4. Рак
Бројни истражувања од оваа област покажале дека зелениот чај има битна улога во спречување на создавањето на канцерогените клетки односно на ракот. Тука спаѓаат ракот на панкреасот, простатата, ракот на дојката, дебелото црево, мочниот меур, абдоменот, хранопроводот, белите дробови итн. Катехините го спречуваат мутирањето на здравите клетки, создавањето на канцерогени и го намалуваат ризикот од формирање и растење на какви било тумори.
5. Здравје на срцето
Пиењето зелен чај е исто така поврзано со намалување на појавата на срцевите заболувања и срцевите удари т.е. инфарктите. Една студија од Харвард покажува дека луѓето што пијат барем 1 шолја зелен чај дневно имаат за 44% помал ризик од срцево заболување од оние што не го конзумираат. Некои истражувања врз животни, покажале, пак, дека пиењето зелен чај го намалува и холестеролот во крвта што директно влијае врз здравјето на срцето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ЗЕЛЕН ЧАЈ,е тоа е веќе тема за која јас би можела да зборувам и да пишувам со часови затоа што од сето она што јас би ви го напишала ,најголемиот негов дел би произлегол од моето лично искуство,всушност и вообичаено практикувам кога давам совети од областа на здравата исхрана и нутриционизмот да тие се повеќе од моето лично искуство.Одамна имав читано за зелениот чај што е,каков е,за бенефитите што ги добиваме при неговата конзумација и кога одлучив да го пробам е тогаш драги мои навистина пред мене се отвори еден сосема нов свет кој самото мое битисување го направи подобро во секаква смисла и здравствено и психички со еден збор ЗДРАВО.Некои можеби сега ќе речат ма што има тука особено шоља чај ќе ја испиете и тилку,но драги мои всушност како и спрема секоја друга работа во животот што не треба да и се пристапи едноставно,провизорно,површински така и шољата чај не е само обична шоља со миризлива течност,Таа е ризница на корисните состојки што ги има чајот а кои се докажани и во медицината и во алтернативната медицина и кои го подобруваат и го одржуваат вашето здравје но таа е ризница и на нешто што преку пиењето на чајот ,миговите кои ги посветувате на тој чин ве прават психички и ментално подобра личност.Ако имате малку љубопитност во себе за да откриете што е тоа што и во Јапонија и во Кина до ден денес ја одржало и ја негува церемонијата на пиење чај ќе видите дека тоа е една цела прекрасна животна филозофија.Кога пите чај ако сте сам тогаш бидете тука ,со таа малку нагорчлива миризлива течност,препуштете се на нејзиниот мирис,оставете слободно да го почувствувате вкусот во вашата уста а мислата нека го следи патот на таа течност.Концентрирајте се ,опуштете се таа минута или две и ќе видите како вашето тело се релаксира а вашата мисла се смирува.Ако пак не сте сам тогаш оставете мирисот на чајот да го почувствува секој,полека насочете ја вашата мисла на вашиот другар,љубена или едноставно на тој што е со вас и без да станете свесни за тоа ќе забележите дека до последната голтка веќе сте направиле една убава духовна алка со вашиот другар.Тоа е она што го негува и одржува пријателството,ја храни и негува њубовта ја грее човечноста и чувството за припадност во вас будејки ги и најскриените чувства правејки ве подобра личност.Тоа е причината зошто и на Истокот оваа церемонија и ден денес се одржува.
Ова е вистината за чајот и ова се нешта кои мислам дека не постои личност на земјинава топка која не би сакала да ги има.Јас ги почувствував А ВИЕ пробајте нема што да загубите.
Со почит Весна Пирузева Петровска