5 здравствени придобивки од пиењето топло чоколадо

5 здравствени придобивки од пиењето топло чоколадо

Еден од најпопуларните зимски пијалаци, топлото чоколадо, е преполно со неверојатни придобивки. Тоа не само што ве одржува топли за време на студената сезона, туку исто така може и да го подобри вашето општо здравје. Чоколадото само по себе изобилува со моќни антиоксиданси кои помагаат при спречување на срцеви болести, предвремено стареење, па дури и намалување на ризикот од некои видови рак.

5 здравствени придобивки од пиењето топло чоколадо

Топлото чоколадо одамна било користено за борба против различни болести и лошо расположение. Тоа е познато како посебен и здрав пијалак од 16-ти до 19-ти век кој понекогаш се употребувал и медицински. Постојат многу вкусни и здрави рецепти кои можете секојдневно да ги пиете со цел да ги почувствувате наредниве здравствени придобивки од топлото чоколадо…

1. Ја подобрува моќта на вашиот мозок

Студиите покажуваат дека пиењето топло чоколадо може да ви помогне при подобрувањето на моќта на вашиот мозок како и со неговото општо здравје. Состојките во топлото чоколадо го зголемуваат крвотокот и кислородот кои патуваат кон вашиот мозок, притоа помагајќи ви да размислувате подобро. Доколку сакате да ја подобрите вашата меморија, пијте околу 500 милилитри топло чоколадо секојдневно.

2. Содржи многу антиоксиданси

Според едно истражување спроведено од страна на Универзитетот Корнел, топлото чоколадо содржи повеќе антиоксиданси од зелениот чај и виното. Исто така, пиењето топло чоколадо е еден од највкусните начини да ги внесете во вашето тело овие моќни антиоксиданси. Топлото чоколадо содржи малку повеќе антиоксиданси од едно чоколадо, кои се ослободуваат во оној момент кога пијалакот е загреан.

3. Го подобрува вашето расположение

Чоколадото, вклучувајќи го и топлото чоколадо, е добро познат начин за подобрување на расположението. Овој вкусен напиток ви помага да се борите против стресот, анксиозноста и депресијата. Топлото чоколадо стимулира отпуштање на ендорфини, кои го подобруваат вашето расположение и за само неколку секунди прават да се чувствувате посреќно. Но, проблемот е што некои топли чоколада можат да содржат високо количество шеќер, па токму затоа тие можат да бидат лоши за вашето здравје. Трудете се колку што можете, да го одбирате она топло чоколадо на кое не му е додавано шеќер со цел да ги искусите сите негови придобивки во целост.

4. Добро е за здравјето на вашите артерии

Состојките во топлото чоколадо се одлични за здравјето на вашите артерии. Флавоноидите го намалуваат ризикот од срцеви болести така што го намалуваат крвниот притисок и ги подобруваат крвните садови. Секогаш избирајте го овој здрав пијалак за одржување на вашето здравје, но внимавајте да не претерувате. Не заборавајте дека самото чоколадо содржи во себе шеќер и заситени масти, па токму затоа не си дозволувајте да пиете повеќе од 500 милилитри, односно 2 чаши дневно.

5. Може да ви помогне при намалувањето на телесната тежина

Доколку се обидувате да намалите некое кило, пиењето топло чоколадо може да ви помогне да ги постигнете вашите цели. Доколку е направено соодветно, топлото чоколадо е вкусен напиток со малку калории кој може да ви помогне при борбата со копнежите по благо. Исто така, топлото чоколадо може да ви помогне да го спречите внесувањето на калоричните десерти кои изобилуваат со шеќер како крофните, тортите и слично…

Сега кога сте свесни за дел од најдобрите здравствени придобивки од пиењето топло чоколадо, што чекате? Брзо одете во вашата кујна и направете си го овој совршен зимски пијалак. Доколку сакате овој пијалак да биде уште поздрав, наместо кравјо млеко додадете незасладено кокосово или бадемово млеко со цел да избегнете додавање шеќер. Запомнете, колку помалку шеќер додавате во вашите пијалаци, толку подобри ќе бидат тие за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар