5 здравствени придобивки од костените

5 здравствени придобивки од костените

Костените биле вреден извор на храна во многу култури, особено во Кина, Кореја, Јапонија и на Медитеранот, а според одредени сознанија, тие биле одгледувани повеќе од 6.000 години во Кина и 3.000 години во Европа. Во продолжение погледнете кои здравствени придобивки ви ги нудат костените, што сигурно не сте ги знаеле…

5 здравствени придобивки од костените

1. Поголемо здравје на дигестивниот систем

Костените содржат високо ниво на хранливи влакна кои може да бидат растворливи или нерастворливи. Растворливите помагаат за намалување на холестеролот и го стабилизираат нивото на шеќер во крвта, додека пак нерастворливите помагаат столицата побрзо да помине низ системот. Костените имаат претежно нерастворливи хранливи влакна. Околу 85 грама печени костени содржи 4 грама влакна.

2. Појаки коски

Бакарот е минерал кој ја подобрува силата на коските, помага при формирање на црвените крвни клетки и нервните функции, а го зајакнува и имунолошкиот систем.

3. Ја подобруваат мозочната функција

Растопливиот во масти витамин Б помага при произведувањето црвени крвни клетки, ги разградува протеините, јаглехидратите и мастите за енергија, придонесува за поздрава кожа и ја подобрува мозочната функција. Костените имаат витамин Б во средно високи износи. На пример, околу 85 грама содржат 21% од препорачаната дневна доза витамин Б6, 15% од фолна киселина, 14% од тијамин и 9% од рибофлавин.

4. Даваат стабилно ниво на енергија

Костените имаат голема количина на јаглехидрати. Тие содржат 45 грама во порција од околу 85 грама. Јаглехидратите се потребни за краткотрајна и долготрајна енергија и тие ѝ помагаат на функцијата на нервниот систем.

5. Го намалуваат ризикот од болести

Костените имаат висока содржина на манган, антиоксиданс кој го намалува ризикот од рак и срцеви заболувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар