5 заштитници на имунитетот за кои не се пишува доволно

5 заштитници на имунитетот за кои не се пишува доволно

Мијте ги рацете, пијте витамини, имајте добар сон… Хигиената и здравиот режим на исхрана се првите елементи во борбата против инфекциите. Но, на одредени нешта кои влијаат лошо врз имунитетот поради некоја причина не се обрнува доволно внимание. Погледнете што сè може да влијае врз вашето здравје.

5 заштитници на имунитетот за кои не се пишува доволно

1. Добар избор на маснотии

Храната која изобилува со добри маснотии, како авокадото, оревите и лососот се здрави и корисни. Овие маснотии се потребни за одржување на мозокот и телото. Од друга страна пак, нездравите маснотии кои се консумираат во поголем степен во ништо не ви помагаат. Големата количина на колачиња, помфрит и алкохол со себе носат од овие лоши маснотии кои придонесуваат при дебелеење, покачување на холестеролот, а со тоа и нарушување на вашиот имунитет.

2. Итно решавање на проблемот со тврдата столица

Клучниот систем на нашиот имунитет е дигестивниот тракт. Тврдата столица предизвикува опаѓање на метаболизмот во цревата, а со тоа и спречување на соодветно апсорбирање на хранливите материи при што се загрозува рамнотежата на добрите бактерии во желудникот.

3. Движење

Физичката активност најмногу се спомнува во текстовите за справување со прекумерната телесна тежина и диетите, односно за постигнување витка линија. Но, покрај регулирањето на холестеролот и крвниот притисок, со движењето се влијае и врз имунолошката сила на организмот така што се поттикнува лачење на ендорфини, попознати како хормони на среќата.

4. Ограничени количини на шеќер во исхраната

И оваа тема најчесто се поврзува со телесната тежина, но корисно е да се знае дека 100 грама шеќер во организмот на една возрасна личност со просечна тежина ја намалува способноста на белите крвни зрнца и до 40%, а со тоа влијае и врз вашиот имунитет.

5. Дружење

Социјалната интеракција може да ја подобри функцијата на имунитетот и да ни овозможи подобра можност за борење против секојдневниот стрес. Има голем број студии кои покажале дека со активното дружење ние живееме поздраво, но и подолго. Едно од овие истражувања кое го следело животот на 276 луѓе помеѓу 18 и 55 години ни открива дека оние кои имале над 6 пријателски врски биле и до 4 пати посилни во борбата против вирусните настинки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар