5 задолжителни парчиња облека за мажи
Како што модата на едни парчиња облека поминува, така доаѓањето на следната, веќе ги потиснува застарените модели и брендови длабоко во фиоките. Сепак, некои работи остануваат вечно во мода, можат да се комбинираат со секој стил, па затоа и во нив вреди да се инвестира. Следуваат петте парчиња облека кои задолжително треба да ги има секој маж во својот плакар.
1. Бела маица
Не е случајно што ова парче е на врвот на листата. Првенствено белите маици станаа популарни од времето кога ги носеше Џејмс Дин, но подоцна доживеаја ренесанса кога почнаа да ги произведуваат многу брендови. Делува едноставно да најдете бела маица, но треба да внимавате на квалитетот на памукот, на правилниот крој околу рамената и рацете, како и да не ви е претесна.
За опуштени денови, искомбинирајте ја со класични панталони или други класични парчиња машка облека. Ќе добиете одлична комбинација.
2. Сини фармерки
Иако денес фармерките ги има во различни модели, бои и нијанси, сините нема никогаш да излезат од мода. Но, треба да се најде модел со добар крој кој ќе ви одговара на телото и добра должина на ногавиците. Не купувајте фармерки кои се премногу тренди во даден момент. Тоа значи, избегнувајте необични светкави елементи, тесни кројки, чудни нијанси на избледеност и какви било принтови.
Можете да ги комбинирате со поло маичка или со кошула и спортско сако за секојдневен, но прецизен изглед.
3. Темно-син костум
Темно-синиот костум е веројатно најкомплетното и најефикасно парче облека што секој маж треба да го има. Замислете си комбинација која ќе вклучува чисто бела кошула, црни чевли и вратоврска. Ова ќе ви даде сериозен и класичен изглед за да изгледате соодветно за на работа, но доколку ја извадите вратоврската после работното време, веќе изгледате совршено за на кафе со пријателите.
Како да го изберете вистинскиот модел? Барајте сако со две копчиња и прецизно засечен ревер. Овој со сигурност не излегува од мода.
4. Класични панталони
Без разлика дали се занимавате со физичка работа, одите на факултет или пак денот го поминувате во канцеларија, класичните панталони треба да бидат неизоставен дел од вашиот изглед. Овде зборуваме за панталони, изработени од тежок памук, со благо стеснување кон врвот на ногавиците, без никакви набори. Препорачливо е вашиот задолжителен пар да биде во некоја неутрална боја, но зависно од можностите и возраста, можете да експериментирате со бои и варијации во стилот.
5. Поло маица
Овие маици се изум на Рене Лакост кој почнал да ги носи за време на тениските мечеви заради заштита од потење околу вратот, додека истовремено му давале секси изглед. Денес ваквите маички ги произведуваат разни брендови, ги има во многу бои, понекогаш дури и со благо дизајнирани линии околу вратот или по рабовите. Изберете поло маичка по ваш вкус. Крагната носете ја како сакате, но по правило би требало да биде дигната додека сте надвор, но да ја спуштате кога ќе влезете во затворена просторија.