5 задолжителни караници кои љубовните парови ги доживуваат во текот на новогодишните празниците
Во текот на подготовките за празниците сите пред или подоцна подлегнуваат на притисокот заради многуте обврски и тогаш доаѓа до нервоза која предизвикува караници. Во продолжение погледнете заради што љубовните парови најчесто се караат во оваа доба од годината.
1. Трошоци во врска со подароците
Буџетот за подароците е редовна тема за расправии во текот на празничните семејни дружења. Додека едната половина од парот сака да биде штедлива и да купува разумно, другата половина едноставно не може да си помогне во желбата да ги изненади најмилите со убави подароци, без оглед на тоа колку чинат.
2. Китење на новогодишната елка
Секој има своја визија како би требала да изгледа новогодишната елка, но тие визии најчесто ниту малку не се поклопуваат. Тоа обично станува повод за класична новогодишна караница. Која боја на лампиони да се избере? Дали на врвот треба да се стави ѕвезда или не? Дали раскошните украси се премногу кич или пак, треба да доминираат на дрвцето? Сите овие прашање се најчестиот повод за караници во текот на китењето.
3. Распределба на домашните обврски
Во текот на празничните одговорности, извршувањето на поголемиот дел од домашните обврски најчесто паѓа на жените кои во старт се преоптоварени со обврски. Со стандардното чистење и готвење тука е и печењето на колачи. Без соодветна помош од партнерот се насобира стрес заради количината на работа која треба да се изврши, па неправедната распределба на обврските е повод за честа караница.
4. Присилни дружења
Дел од празничната традиција во нашите краишта е таканареченото одење на гости за честитки. Меѓутоа, додека со веселба ги повикуваме најмилите во нашиот дом, пред или подоцна ќе бидеме присилени да отидеме на посета кај личностите со кои можеби и не се сложуваме најдобро. Тоа исто така предизвикува караници. На пример, старите семејни пријатели на вашиот партнер со кој се слушате еднаш годишно сигурно не се први на врвот од листата на луѓе со кои сакате да се дружите во текот на празниците, но за негова љубов го „прегазувате“ тоа и ги посетувате сите дружења.
5. Синдром на најдобри празници
Многу луѓе сакаат сѐ да биде совршено во текот на празниците, но тоа е едноставно невозможно. Големата количина обврски кои се наметнуваат во текот на тие денови создава нервоза и тогаш лесно доаѓа до разни незгоди кои можат да го расипат празничниот дух. Не смеете да си создавате притисок и да форсирате совршенство, бидејќи со таквото однесување само поттикнувате разни караници околу работите кои за неколку недели нема да ви бидат важни.
А, доколку сепак дојде до караница, прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат да се смирите со партнерот по големата караница.