5 заблуди за среќните љубовни парови во кои сите веруваме
Општеството, медиумите, нашите пријатели и семејство, сите тие се обидуваат да ја создадат идејата за совршена љубовна врска. Идеја која се заснова на фиктивните верувања на среќните луѓе. Недостижните идеали кои ги поврзуваме со совршените парови можат да нѐ натераат да направиме некои опасни и штетни избори кога станува збор за вистинските врски во нашиот живот. Секако дека овие парови не се секогаш среќни, ниту, пак, нивниот сексуален живот е секогаш одличен. Ние честопати веруваме во некои заблуди поврзани со тие идеални врски кои можат да ја загрозат нашата моментална љубов, која всушност и самата е позитивна и здрава во реалноста.
Некогаш дури не се ни осмелуваме да почнеме врска затоа што веруваме дека вистинската љубов може да се случи само на прв поглед. Поради тоа воопшто не преземаме иницијатива да работиме на врската и да ѝ дозволиме да се развива. Важно е да бидеме свесни за заблудите поврзани со среќните љубовни парови за да не дозволиме тие да ја обликуваат нашата врска врз основа на нереалистични очекувања. Во продолжение прочитајте кои се 5-те најчести заблуди…
1. Среќните парови никогаш не се караат
Секоја врска минува низ тешки периоди, тоа е животен факт. Несогласувањата се неизбежни, така што нема поента да ги сметаме како лош знак за врската. Наместо тоа, треба да ја фокусираме нашата енергија кон решавање на конфликтите, бидејќи од секое лошо може да се извлече нешто позитивно. Несогласувањата не мора секогаш да бидат огромни, драматични и насилни, туку треба да ги сфатиме како нормален сегмент од секоја врска.
2. Среќните парови секогаш излегуваат заедно
Тоа не е возможно и е многу напорно. Ако не можете да уживате со партнерот сами, во домашна атмосфера, седејќи прегрнати на каучот, тоа зборува многу за фактот дали и колку всушност си одговарате. Доколку уживате со него или неа само кога сте излезени во некој преполн клуб или во кино, тогаш основата на вашата врска не е многу цврста, бидејќи можете да зборувате само за тоа што се случува околу вас.
3. Среќните парови никогаш немаат проблеми во креветот
Со оглед на фактот што вашиот партнер е човечко суштество, а не механичка секс играчка, веројатноста е дека понекогаш сексуалната желба нема да биде иста кај двајцата, стресот и расположението ќе влијаат на вашиот перформанс и нормално е дека нема баш секогаш да доживеете оргазам. Тоа не мора да биде показател дека постои некаков проблем во компатибилноста. Тоа само покажува дека вие и вашиот партнер сте нормални луѓе кои не можат постојано да бидат совршено сексуално активни.
4. Среќните парови веднаш знаеле дека нивниот партнер е вистинскиот
Најпрво, треба да запаметите дека не сите луѓе што се во врска очекуваат истата да заврши со брак. Исто така, ако луѓето веднаш не почувствуваат желба да се врзат, ја осудуваат врската на пропаст и ги уништуваат сите можности подобро да го запознаат партнерот. Секако дека некои парови искусиле љубов на прв поглед, но тоа не е никакво мерило за тоа дали врската ќе биде среќна во иднина. Доколку сте задоволни од вашиот партнер во моментов, но не сте сигурни дали сакате да останете заедно до крајот на вашиот живот, тоа е сосема логично и разбирливо. Тоа значи дека треба да продолжите да ја истражувате поврзаноста што постои помеѓу вас во сегашноста.
5. Среќните парови се секогаш активни и романтични на социјалните мрежи
Нема сомнеж дека социјалните мрежи претставуваат важен дел од секојдневието, но никако не смеат да го заземат целиот живот. Воопшто не е важно колку често вие и вашиот партнер се појавувате на социјалните мрежи, бидејќи тоа не е никаква гаранција за вашата среќа и љубов во вистинскиот живот. Голем број истражувања покажале дека толку многу енергија се троши на селфиња и други објави, што тоа има негативно влијание на вашата динамика како пар. Тоа што не сте активни на социјалните мрежи значи дека сте презафатени со тоа да бидете присутни во вашата врска од реалноста.