5 вообичаени здравствени митови во кои не треба да верувате

5 вообичаени здравствени митови во кои не треба да верувате

Иако интернетот е одличен за размена на информации со милиони луѓе, истовремено е навистина лесно преку него брзо да се прошират лажни информации и факти. Денес е тешко да откриете кои извори се доверливи и тоа може да ве наведе да донесете погрешни одлуки поврзани со вашето здравје. А грижата за вашето тело е најважното нешто за да имате долг и спокоен живот. Имајќи го ова во предвид, проверете ги петте митови кои со сигурност некогаш сте ги прочитале, како и вистината која се крие зад нив.

Мит 1: Глутенот е штетен

5 вообичаени здравствени митови во кои не треба да верувате

Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот и ‘ржта. Приближно 1 процент од светската популација има автоимуна реакција на глутен, состојба позната како целијакија. Ова предизвикува интензивна иритација во тенкото црево, што влијае на апсорпцијата на хранливите материи. Луѓето со целијакија се многу осетливи на глутенот, па дури и храната која само дошла во допир со прибор со кој се јадела или подготвувала глутенска храна може да претставува опасност.

Но за нормалниот човек, глутенот не претставува никаква опасност. Иако во последните години безглутенските диети се во мода, нема научен доказ кој ги поддржува. Некои луѓе велат дека се чувствуваат подобро откако се откажале од глутенот, но ова веројатно се должи на плацебо ефектот или на фактот дека почнале општо да се хранат многу поздраво.

Мит 2: Исхраната ги обезбедува сите неопходни хранливи материи

5 вообичаени здравствени митови во кои не треба да верувате

Во идеален случај луѓето треба да ги примаат сите потребни витамини преку нивната исхрана. Но, ова не е секогаш возможно. Поради честите алергии од храна и брзиот модерен живот, тешко е да ги добиеме сите потребни хранливи материи преку храната, дури и од онаа која е богата со витамини.

Недостатокот на витамини може да биде сериозен проблем. Иако заболувањата како скорбут или рахитис не се нешто за кое луѓето се грижат премногу, сепак можат да претставуваат проблем. Неправилната исхрана го зголемува ризикот и од други заболувања како ноќно слепило, слабост во коските, анемија и многу други.

Луѓето треба да се обратат кај својот доктор и фармацевт за дефицитот на хранливи материи и за тоа кои додатоци во исхраната се потребни за да го надополнат недостатокот од витамини.

Мит 3: Топлењето на храната во микробранова печка е опасно

5 вообичаени здравствени митови во кои не треба да верувате

Постојат многу митови поврзани со безбедноста при користењето микробранови печки. За разлика од рендгенските зраци, гама зраците и ултравиолетовите зраци (кои можат да предизвикаат рак), микробрановото зрачење не е јонизирачко, што значи дека не ослободува електрони во молекулите од храната. Микробрановите само предизвикуваат вибрации на водата и другите поларни молекули во храната, при што предизвикуваат топлење преку триење. Структурално, во рамките на молекулите не се менува ништо.

Всушност поради тоа што микробрановите печки ја затоплуваат храната брзо, повеќе се зачувуваат хранливите материи отколку при готвењето и затоплувањето со други методи.

Мит 4: Детоксикацијата е важна за зачувување на здравјето на црниот дроб и бубрезите

5 вообичаени здравствени митови во кои не треба да верувате

Рекламите за здрава исхрана велат дека некои сокови ќе ве ослободат од штетните отровни материи во телото за само неколку дена. Секако, важно е да се грижите за потребите на телото, но црниот дроб и бубрезите веќе ја извршуваат таа работа и го прочистуваат телото од непотребните материи. Иако имаат ниско ниво калории, соковите за прочистување содржат многу шеќер, кој може да предизвика сериозни проблеми, а тоа не им помага на црниот дроб и бубрезите.

Штом чистењето ќе заврши, телото ќе биде благодарно што повторно прима цврста храна и се зголемува нивото на калории, па ќе ги задржи мастите и шеќерите со цел да складира доволно енергија за следниот пат кога ќе одлучите да прескокнете неколку оброци.

Наместо да се прочистувате повремено, подобро е да внимавате што внесувате во вашето тело и да бидете сигурни дека ги примате потребните материи кои им се потребни на природните прочистувачи да ја извршуваат својата работа.

Мит 5: Диетите и рестрикциите во исхраната се добри за секого

5 вообичаени здравствени митови во кои не треба да верувате

Се чини невозможно да помине еден месец, а да не чуеме за некоја нова чудотворна диета. Без разлика дали се работи за вегетаријанска, веганска, сурова или алкална диета, сите бараат радикални промени во начинот на живот.

Додека некои луѓе добро ги прифаќаат овие диети, други не чувствуваат никаков ефект, а има и такви кои доживуваат спротивни ефекти. На тоа влијаат многу фактори, како што се генетиката, животниот стил, животната средина и други. Секој човек треба да биде свесен за своите лични потреби. Секако, постојат некои генерални правила кои треба да важат за сите, како што е избегнувањето на обработената храна, прејадувањето и внесувањето доволен број хранливи материи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар