5 вкусни идеи за палачинки кои досега не ви текнало да ги направите

5 вкусни идеи за палачинки кои досега не ви текнало да ги направите

Палачинките секогаш се добра идеја. Повелете пет од нив кои веројатно досега не ви текнало да ги направите.

1. Палачинки со јаболка и цимет

5 вкусни идеи за палачинки кои до сега не ви текнало да ги направите

Потребни состојки:
  • 4 палачинки
  • 3 големи излупени јаболка
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • една лажичка цимет
Начин на подготовка:

Јаболката исечкајте ги на мали парчиња и ставете ги во сад на среден оган. Додајте им ги кафеавиот шеќер и циметот и оставете ги да крчкаат околу 20 минути. Потоа додајте ги врз отворените палачинки, замотајте ги и спремни се за сервирање. Ако сакате можете да ги попрскате со шеќер во прав.

2. Здрави американски палачинки од само две состојки

5 вкусни идеи за палачинки кои до сега не ви текнало да ги направите

Потребни состојки:
  • 2 јајца
  • една банана
По вкус може да додадете и:
  • прстофат прашок за печиво
  • прстофат цимет
  • ситни парчиња овошје
  • кокос
  • 2 лажици путер од кикирики
Начин на подготовка:

Измешајте ги добро јајцата и бананата за да се соединат, а потоа во смесата додајте и некоја од дополнителните состојки доколку сакате. Пржете на среден оган по 30-60 секунди на секоја страна.

3. Палачинки со крем од кафе и маскарпоне

5 вкусни идеи за палачинки кои до сега не ви текнало да ги направите

Потребни состојки:
  • 18-22 палачинки
  • 4 лажички кафе за еспресо (прав)
  • една лажица вода
  • 250 грама шлаг пена
  • 100 грама маскарпоне
  • 60 грама шеќер во прав
  • ½ лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Во сад мешајте ги кафето и водата додека добро не се соединат. Потоа додајте им ги маскарпонето, шлагот, шеќерот и екстрактот од ванила. Повторно мешајте додека сите состојки добро да се соединат. Потоа намачкајте ги палачинките, замотајте ги и сервирајте.

4. Палачинки со овошен сос

5 вкусни идеи за палачинки кои до сега не ви текнало да ги направите

Потребни состојки:
  • 10 палачинки
  • 2 јаболка
  • 2 праски
  • 2 киви
  • 500 грама јагоди
  • пире од едно големо јаболко
  • шлаг пена и сос од карамела за декорација
Начин на подготовка:

Исечкајте го целото овошје на ситни парчиња и измешајте ги со пирето од јаболка. Оставете го малку да отстои во фрижидерот пред да ги намачкате палачинките. Декорирајте со шлаг пена и сос од карамела.

5. Американски палачинки со банана и чоколадо

5 вкусни идеи за палачинки кои до сега не ви текнало да ги направите

Потребни состојки:
  • 60 грама интегрално брашно
  • 60 грама сенаменско брашно
  • 3 лажици какао
  • една лажичка прашок за печиво
  • половина лажичка сода бикарбона
  • половина лажичка сол
  • 3 лажици шеќер
  • пире од една голема банана
  • 250 мл млеко
  • едно големо јајце
  • една лажичка екстракт од ванила
  • една лажица масло
Начин на подготовка:

Во сад добро измешајте ги двата вида брашно, солта, шеќерот, какаото, содата и прашокот за печиво. Во друг сад добро измешајте ги пирето од банана, јајцето, млекото, маслото и екстрактот од ванила. Потоа измешајте ги смесите во двата сада додека добиете една хомогена смеса, па почнете со пржење на палачинките. По околу две минути на секоја страна би требало да биде доволно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар