5 витамини за здрава кожа
Здравата и природно сјајна кожа е цел на секој маж и на секоја жена. Но, нејзината убавина доаѓа од она што го внесуваме во себе преку храната. Прочитајте кои витамини се препорачливи за да имате подобар изглед на вашата кожа.
Витамин А
Тој е потребен и клучен за одржување на виталното ткиво на кожата. Ако имате недостаток од витаминот А, вашата кожа ќе биде сува. Внесувајте ја потребната доза на овој витамин преку храната: слатките компири, морковите и ливчестиот зеленчук со изразена зелена боја нека бидат дел од вашето дневно мени. Истражувањата покажуваат дека во допир со кожата, лосионите кои содржат витамин А, ја штитат од акни и влијаат на намалување на брчките.
Б-комплекс
Освен во вид на апчиња, може да се најде и внесе преку храната: овес, јајца, ориз, банани… Б-комплексот се состои од витамини кои се потребни за вашата кожа, коса и нокти. Ако имате недостаток, може да се појави опаѓање на косата или дерматит. Кремите со Б-комплекс ја хидратираат кожата и прават таа да сјае. Исто така имаат антивоспалително дејство и го изедначуваат тенот.
Витамин Ц
Сите цитрусни овошја се преполни со витаминот Ц, како и карфиолот, бабурите и зелените зеленчуци. Витаминот Ц, освен што одлично се справува со настинките, тој ù е и пријател на кожата, во поглед на создавањето на колагенот. Помага при намалување на брчките, ја подобрува текстурата на кожата и влијае заштитно при изложеност на кожата на сонце.
Витамин Е
Овој витамин помага за оштетената и сува кожа. Редовно грицкајте бадеми, ореви, лешници и други јаткасти плодови, јадете маслинки и спанаќ ако сакате сјајна кожа. Тој ќе помогне и во зацврстувањето на вашата коса и враќањето на нејзиниот сјај. За кожа која има изгореници и лузни, препорачливо е да се трие местото со масло со витамин Е.
Витамин К
Витаминиот К се препорачува за кожа со модрици и темни кругови околу очите. Побарајте креми и лосиони кои го содржат овој витамин за да избегнете и настанување на брчки и губење на бојата на кожата. Може да се најде во зеленчук, но најдобро е кога се нанесува локално.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.