5 вистини за љубовта што секоја жена треба да ги знае пред 30-от роденден
20-тите се години во кои учиме многу важни животни лекции, особено на љубовен план. Искористете ја оваа декада од вашиот живот да соберете што е можно повеќе мудрост, за кога ќе стигнете до 30-тите да можете целосно да се препуштите на животот. Во продолжение прочитајте што треба да научите за љубовта за да можете да ја изградите и одржувате врската од соништата.
1. Не го претпоставувајте љубовниот статус
Излегувате скоро 2 месеца и супер ви оди. Вие сте среќни, тој ви изгледа задоволно, па дури и на вашите родители сте им кажале за вашата врска. Веќе почнувате да размислувате дека нештата би можеле да станат сериозни. Доколку се чувствувате на овој начин, време е да направите сериозен разговор и да го прашате каде води вашата врска. Пред да разговарате, не претпоставувајте дали сте во врска или не, бидејќи не можете да знаете како тој гледа на работите и дали има и некоја друга покрај вас, сè додека не прашате искрено.
2. Романтичните гестови треба да бидат дел од секоја врска
Гестовите се знак дека тој се грижи за вас и дека ве има во мислите. Подарувањето цвеќе, чоколадо или други ситници се едноставни гестови со кои ви дава до знаење дека го правите среќен. Не би требало да се надевате дека личноста со која се гледате размислува убаво за вас, туку треба да бидете сигурни во тоа. Ако одвреме-навреме партнерот не направи ниту еден романтичен гест за вас, време е да го преиспитате вашиот однос. Истото важи и за вас, кон него.
3. Мажот нема да ве направи целосни
Ако не сте среќни со себе, пред да започнете нова врска, вие нема да најдете среќа ни во партнерот. Тоа што никогаш не треба да го заборавите е дека најпрво мора да знаете како да се сакате себеси за бидете способни да сакате и некој друг. Немојте да го барате во партнерот тоа што всушност треба да го пронајдете во себе.
4. Слободниот простор е добра работа
Ништо не е посекси од личност што е сигурна во себе. Доколку сте со ваков човек, тогаш ќе наидете на разбирање од негова страна кога ќе имате потреба да бидете малку сами. Просторот е добра работа, а правењето оние нешта кои ве исполнуваат е сосема во ред – тоа е всушност еден од најдобрите начини да бидете среќни со себе, а потоа истата среќа да можете да ја пренесете и во вашата врска. Од друга страна пак, индивидуалните хобија водат кон знаци дека не сте зависни од партнерот и дека и покрај тоа што го сакате, знаете како и самите да се грижите за себеси.
5. Тоа што е добро на почетокот, добро е и на крајот
Обрнете големо внимание на однесувањето на вашиот партнер, особено ако сте во нова врска. Начинот на кој се однесува на почетокот на врската ќе ви покаже како тој ќе се однесува и до самиот крај. Ако е чуден, не внимава на вашите емоции или пак, не ве почитува, немојте да претпоставите дека ќе го промените. Не можеме да ги промениме другите луѓе, единствено можеме самите да се смениме. Ако тој се однесува добро кон вас на почетокот, тогаш најверојатно ќе продолжи така и понатаму, но ако видите знаци на опасност по неколку недели или месеци, време е добро да размислите за вашиот следен чекор.
Прочитајте и што друго треба да знаете за љубовта до вашата 30-та година.