5 видови стомачиња што не се предизвикани од вишок килограми - Part 2

5 видови стомачиња што не се предизвикани од вишок килограми

4. Мајчино стомаче

(4)5-vidovi-na-stomache-koi-ne-se-predizvikani-od-vishok-kilogrami-kafepauza.mk

Карактеристики:

После породување, стомачето изгледа како да сте бремени.

Причини:
  • Малку време за себе. Матката се спушта надолу после пораѓај, па постигнувањето резултати е потешко отколку пред бременоста. Ќе ви бидат потребни барем 6 недели за да се вратите во вашата нормална големина.
  • Сте почнале со вежбање многу рано. Подобро е да се одморите 2-3 месеци после породувањето, па потоа да почнете со вежбање.
  • Слаби карлични мускули.
Како да се ослободите од него?

1. Вклучете риба во вашата исхрана. Колку повеќе, толку подобро.

2. Обидете се да внесувате здрави масти секој ден: јатки, зеленчуково масло и маслинки. Тие ќе ви помогнат да се борите со заморот, што е бонус за мајките.

3. Правете Кегелови вежби. Тие се како природен корсет за вашето тело. Стегнете ги, па опуштете ги карличните мускули од 15 до 20 пати и повторувајте ја оваа вежба 5 пати дневно.

4. Соберете го стомакот. Ова е здрава навика која ќе ви ги тонира мускулите без да ги оптоварува.

5. Откажете се од чучнувањата и стомачните. Овие вежби се најлоши за вас после породувањето, прво дозволете си да закрепнете.

Посебни инструкции:

За вас се совршени попладневни дремки и истегнување пред спиење. Затемнете ги прозорците и спијте во текот на денот – хормоните за спиење ќе го зголемат согорувањето на мастите.

5. Подуено стомаче

55-vidovi-na-stomache-koi-ne-se-predizvikani-od-vishok-kilogrami-kafepauza.mk_

Карактеристики:

Вашиот стомак е рамен наутро, но се зголемува во текот на денот, без разлика дали имате или немате вишок килограми.

Причини:
  • Алергија на некоја храна
  • „Мрзливи“ црева
  • Нерамнотежа на стомачната флора
Како да се ослободите од него?

1. Исфрлете ја храната која не му одговара на вашето тело. Најчести супстанци кои телото не ги толерира се глутен (леб, тестенини), алкохол, квасец (торти, пиво) и преработени млечни производи (сирење, млеко, путер).

2. Одберете исхрана богата со свеж зеленчук, пилешко и риба. Обидете се да избегнувате леб и печива 2 недели и забележете дали надуеноста се намалила.

3. Не го прескокнувајте појадокот. Направете го овој оброк најголем бидејќи дигестијата е најдобра наутро. Немојте да јадете навечер. Џвакајте ја храната и пијте многу вода.

4. Подуеноста може да биде знак за нерамнотежа на стомачната флора. Пробиотиците се најлесното решение. Нив ги има во киселото млеко и некои овошја и зеленчуци како што се зелката, лукот и кромидот. Здравиот стомак е рамен стомак.

Посебни инструкции:

Правилното дишење е клучно за вас. Правете ја оваа вежба секое утро: легнете на вашиот грб, целосно опуштете се и вдишете/издишете длабоко 10 пати. Прошетајте после секој оброк.

Прочитајте ги и овие совети за рамен стомак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар