5 видови сексуални односи кои ги искусувате кога сте во долга врска
Дури и кога сте во долга врска, сексот често е различен. Тој расте и се менува паралелно со вас во вашата врска. Токму затоа и воопшто не изненадува фактот што постојано ве очекува нешто ново зад следниот агол. И покрај тоа што има големи шанси да имале безброј пати односи, погледнете ги следниве 5 видови секс кои ги искусуваат оние кои се во врска подолго време…
1. Секс каков што сте немале никогаш порано
И секако, на почетокот, сте го немале. Барем не со оваа личност, на овој нов начин. Постои време кога сè ќе ви биде ново и сè ќе доживувате како најневеројатното нешто кое некогаш сте го искусиле. Но, тоа нема да се случува само првиот пат или првите неколку пати… Тоа ќе продолжи да се случува подолг временски период. Вие ќе го истражувате телото на вашиот партнер, сакајќи да ги откриете сите негови/нејзини делови, а истото ќе се случува и со него/неа.
2. Секс со страст која сте ја заборавиле
Кога сте во долга врска, сексот нема секој пат да ви биде најдобриот кој некогаш сте го имале. Понекогаш тој ќе биде само во ред. Вие на некој начин почнувате да влегувате во една рутина и знаете точно што да очекувате од вашиот партнер за време на сексуалниот однос. Но, еден ден, сосема непланирано, вие ќе ја најдете страста повторно. Можеби ќе направите нешто будалесто или ќе го искористите моментот на зближување, па одеднаш без предупредување ќе се впуштите во еден од најдобрите сексуални односи кои некогаш сте ги имале.
3. Мрзлив секс, кој трае подолго
Понекогаш едноставно нема потреба од брзање. Вие знаете дека ќе бидете заедно цела ноќ, а можеби и целиот нареден ден па токму затоа и ќе се опуштите, оставајќи ги работите да се движат по природен тек. Предиграта ќе стане подолга, движењата побавни и емоциите ќе надвладеат. Ова може да трае со часови и мали паузи за јадење, дремки или мрзливи и поспани разговори. Има и денови кога едноставно нема да сакате да станете од вашиот кревет и ќе се обидете најдобро што можете да го искористите времето кое ќе го поминете помеѓу чаршафите заедно.
4. Брз секс, наутро пред работа
Вие сте целосно облечени и подготвени за работа. Но, истиот момент кога ќе се бакнете пред да излезете од дома, меѓу вас се разгорува силна возбуда и пред да трепнете ќе се најдете во кревет, со вашата облека расфрлана насекаде по подот. Вие можеби ќе доцните на работа или ќе немате време за појадок, но не се грижите бидејќи тоа тотално вредеше. Исто така, секогаш можете да го обвинувате сообраќајот за доцнењето, па големи се шансите дека нема да западнете во голема неволја на работа.
5. Секс кога немате потреба, туку само затоа што знаете дека можете
Во долгите врски, често се случува да имате секс само затоа што вашиот партнер е покрај вас и затоа што знаете дека нема да ве одбие. Вие немате односи затоа што навистина копнеете по нив или затоа што сте немале подолго време. Можеби токму утрото сте имале секс, но кога знаете дека тој/таа ќе биде и цела вечер покрај вас, си викате зошто да не имате пак. Вие сакате да го цените сексот кој го имате во моментов, кој е неверојатно, исклучително, секогаш задоволително и понекогаш хаотично искуство за кое не ви се верува дека сте можеле претходно без него да живеете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.