5 видови раскинување кои сите ги имаме искусено
Прекинувањето на врската е нешто што секој го има искусено. Колкава трага тоа ќе остави на вас зависи од тоа колку сте биле блиски со партнерот, дали сè уште го сакате или пак сте спремни да продолжиле понатаму. Раскинувањето може да биде заедничка одлука или пак да падне како од ведро небо. Според тоа, вашето срце може да биде скршено на повеќе начини, а овие 5 ги искусува секој во животот.
1. Заедничка одлука
После неколку години поминати со партнерот сте одлучиле секој од вас да тргне по свој пат. Заедно сте одлучиле дека повеќе не можете да функционирате како пар па подобро би било да останете пријатели. Ова прекинување е болно, ама мирно и понекогаш може да претставува вистинско ослободување.
2. Присилно раскинување
Во ова раскинување се замешал животот. Партнерите раскинуваат бидејќи еден од нив се сели во друг град, мора да се посвети на факултетот или едноставно прифатил работа во странство. Овие врски се најчесто на почеток, а ниту една од страните не е спремна да се жртвува за врска на далечина.
3. Ултиматум
Врските бараат вложување на многу труд, а понекогаш партнерите запаѓаат во рутина што пополека го уништува нивниот однос. Неговото постојано одење на тренинг или нејзиното опсесивно одење на шопинг може да ја уништи врската, па најчесто едната страна се „заканува“ дека ќе ја прекине врската ако другиот не се поправи. Но запомнете дека не можете да промените некого така лесно, особено ако тој тоа не го сака.
4. Изневерување
Причината е изневерувањето. Едната страна не може да премине преку неверството или пак другата едноставно не сака да ја продолжи врската. Ова раскинување е болно бидејќи едниот од партнерите е повреден и во иднина може да има проблеми со довербата. Закрепнувањето може да биде многу долго.
5. Раскинување од „ведро небо“
Во еден момент сè е совршено, а веќе во следниот сè е завршено. Партнерот одлучил да ја прекине врската, а другата страна не е сигурна зошто е тоа така. Немало никакви знаци, а вие бевте сигурни дека ќе имате убава заедничка иднина. Ова искуство е трауматично бидејќи е неочекувано. Луѓето може да почнат да се сомневаат во самите себе и да се обвинуваат зошто не воочиле претходно дека вакво нешто може да се случи.