5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личности

5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личности

Иако од еден аспект може да се каже дека модната индустрија е наменета за слаби и високи личности, сепак, постојат неколку видови облека што не изгледаат воопшто добро на слабите луѓе. Без разлика дали станува збор за високи личности, со просечна висина или ниски, овој вид луѓе имаат долги екстремитети, помали зглобови и помали рамена. Со овој специфичен вид тело, може да биде навистина тешко да се пронајде облека која ќе одговара. Како и секогаш, постојат неколку правила што треба да се следат. За сите слаби луѓе, во продолжение прикажуваме 5 видови облека што треба да ги избегнувате.

5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личности

1. Премногу тесна облека

Без разлика дали станува збор за кошули, блузи, фармерки или костуми, ова е еден од најважните совети за слабите личности. Не треба да носите облека која ќе изгледа како ваша „втора кожа“, затоа што тоа дополнително ќе покажува колку сте слаби. Но, ова не значи и дека треба да избирате парчиња со многу поголем број, затоа што тоа исто така може да не ви даде добар изглед. Многу е важно да избирате правилни модели во кои ќе се чувствувате удобно.

Кога станува збор за горниот дел, одлучете се за нешто што е тесно, но прикријте мал дел од градниот кош. Избирајте и парчиња облека што ќе ви одговараат точно на рамената. На крај, кога станува збор за долниот дел од вашето тело, иако можете лесно да „влезете“ во тесни фармерки, сепак, тоа не значи дека истите треба и да ги носите. Затоа, настојувајте секогаш кога можете да избирате посветли бои, затоа што темните фармерки и панталони прават да изгледате послаби. Никогаш не носете облека која ви дава „опуштен“ изглед, затоа што тоа може да делува неуредно.

5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личности

2. Тенка вратоврска

Сѐ што го има описот „тенко“ не треба да биде на листата со облека на слабите луѓе. Тенката вратоврска ќе направи да изгледате послаби, па затоа, пошироката е вашата најдобра опција бидејќи таа зафаќа поголема површина од градниот кош. Исто така настојувајте да избирате вратоврски со хоризонтални дезени, дијагонални или широки линии за да изгледате подобро. Сепак, внимавајте на комбинациите, за да не постигнете смешен изглед.

5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личности

3. Облека со вертикални линии

Овој трик луѓето најчесто го користат за да изгледаат послаби, па затоа, слабите личности треба да ги избегнуваат ваквите парчиња облека.

5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личности

4. Целосно облечени во темна облека

Црната е боја која личностите ги прави послаби и затоа е многу популарна кај оние со прекумерна тежина. Но, слабите личности дефинитивно треба да ја избегнуваат оваа боја и другите темни нијанси, затоа што на овој начин само ќе ги нагласат нивните слаби делови. Затоа, секогаш избирајте посветли бои, можете дури и бела.

5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личности

5. Палто без исполнување на ракавите

Палтото без исполнување на ракавите не е добра идеја за слабите луѓе, затоа што не изгледа привлечно, туку остава впечаток како да го носите палтото на вашиот татко. Затоа, подобро е да изберете соодветно палто со барем малку исполнување на ракавите.

5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личности


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар