5 видови долна облека која може да биде лоша за вашето здравје
Повеќето жени ја обожаваат долната облека поради удобноста која ја нуди, како и поради различните модели кои се направени за секоја можна прилика. Но, сепак, постојат некои видови долна облека при чиј избор треба да бидете повнимателни.
1. Долна облека која е премала
Поголемиот дел од жените нема да облечат премали гаќички, но ако спаѓате во оној помал дел, тогаш внимавајте на неколку работи. Всушност, премалата долна облека може да иницира несакано триење кое може да доведе до иритации. Исто така, несоодветната долна облека може да предизвика создавање на внатрешни влакна.
2. Испотена долна облека
После вежбањето треба веднаш да ја смените долната облека, бидејќи дополнителната влага може да го стартува создавањето на габични и бактериски инфекции. Гаќичките кои се специјално направени за тренинг и вежбање можат и тоа како да ви помогнат при овој проблем.
3. Синтетичка долна облека
Удобната долна облека најчесто е направена од памук, и тоа со добра причина. Секако, станува збор за прозрачноста. Колку што можете, избегнувајте ја долната облека која е направена исклучиво од синтетички материјали. Таквата долна облека ја задржува влагата и може да предизвика габична инфекција.
4. Танга
Поради специфичниот дизајн, тангите се помалку хигиенски од останатите видови гаќички. Така, ако имате бактерија, како на пример Е. Коли (најчестата бактерија во дебелото црево), таа може прво да се пренесе на материјалот од задниот дел на гаќичките, а ако сте физички активни, тој дел може да се помести до вагината или каналот за мокрење. Сепак, ако сте здрави и не сте склони кон добивање инфекции, тогаш опасност за вашето здравје нема.
5. Долна облека за обликување на телото
Кога е исцртувањето на фигурата во прашање, многу жени обожаваат да ја користат магијата на долната облека за обликување на телото. Меѓутоа, и таквите парчиња облека носат некои ризици. Честото носење на претесна долна облека за обликување на телото може да доведе до дигестивни проблеми како и до инфекција на уринарниот тракт.