5 видови чај за младешка и сјајна кожа

5 видови чај за младешка и сјајна кожа

Шолја чај е многу повеќе од пијалак кој може да ја задоволи вашата жед. Чајот ви помага да се опуштите во зимските, меланхолични денови, има лековито дејство кога сте болни и ви дава енергија. Освен тоа, многу видови чаеви можат да го обноват сјајот на вашата кожа. Прочитајте за кои видови чаеви станува збор во продолжение.

5 видови чај за младешка и сјајна кожа

Зелен чај

Антиоксидансите и полифенолите од зелениот чај се дел од најмоќните состојки за заштитата на кожата од штетните надворешни влијанија. Тие го ублажуваат воспалението поврзано со стареењето, ги регенерираат клетките и можат да ја заштитат кожата од штетните ефекти на УВ зрачењето. Белиот чај, добиен од исто растение, но со различен процес, е подеднакво ефикасен.

Ројбос

Ројбос или црвен чај, со потекло од Јужна Африка, се карактеризира со својства за подмладување. Изобилува со антиоксиданси, цинк и алфа-хидроксилна киселина кои го спречуваат и намалуваат природното губење на масното поткожно ткиво, чиј недостаток предизвикува создавање на брчки. Во исто време, благодарение на антиоксидантските молекули, чајот ројбос обезбедува ефикасна заштита од слободните радикали кои предизвикуваат предвремено стареење на кожата.

Нане

Нането има антиандрогено дејство што може да помогне во подобрување на хормоналната нерамнотежа и намалување на производството на вишок себум. Исто така, чајот од нане ја штити вашата кожа од слободните радикали кои можат да бидат главните виновници за воспаленија и брчки.

Мача

Мачата е варијанта на зелен чај. Како извор на моќни антиоксиданси, меѓу кои се издвојува хлорофилот, овој чај го стимулира метаболизмот и имунолошкиот систем и му помага на телото да ги елиминира слободните радикали и токсините одговорни за клеточната дисфункција кои го забрзуваат стареењето на кожата. Со други зборови, ја чисти кожата, ги намалува брчките и го освежува тенот.

Комбуха

Станува збор за ферментиран чај од шеќер и квасец. Карактеристично за него е тоа што не само што ги отфрла токсините од кожата туку и ја подобрува нејзината еластичност. Освен тоа, ја осветлува вашата кожа и ја намалува појавата на фини линии и брчки.

Откако прочитавте кои видови чај можат да ви помогнат да го вратите младешкиот изглед на кожата, можеби ќе сакате да прочитате и за здравствените придобивки на ројбос чајот.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар