5 верувања за парите што не ви дозволуваат да успеете

5 верувања за парите што не ви дозволуваат да успеете

Вистината е дека всушност и не ги разбираме парите. Многумина имаат проблеми со нив или се заглавени на работно место кое ги прави незадоволни и кое ги тера да се прашуваат дали има нешто повеќе од животот. Причината што сите продолжуваат да го работат она што не го сакаат се парите, а токму ова е и проблемот.

5 верувања за парите што не ви дозволуваат да успеете

Веројатно ве научиле како да ги користите парите, но не и како да бидете нивен господар, а не роб. Постојат многу токсични верувања за парите кои ни се всадени уште од најрана возраст. Но штом ќе ги спознаете и промените, ќе имате слобода да ги исполните вашите соништа и да ја контролирате вашата кариера.

1. Тешко е да се дојде до пари

Ова е најпознатото токсично верување. Доколку сте гледале како вашите родители се мачат да заработат, веројатно сметате дека ова е реалноста за сите. Но, тоа е лага. Парите се само енергија. Исто како телефонот што го држите и храната што ја јадете, парите се само концепт кој има физичка манифестација во форма на банкноти или кредитни картички. Парите се всушност размена за помош и добра помеѓу луѓето.

Пред да постои валутата, луѓето едноставно разменувале добра на пазарот. Доколку сте сакале чевли, а чевларот сакал 2 вреќи компир, тоа била цената. Штом ќе ја тргнете физичката интерпретација на парите од равенката, нештата ќе ви изгледаат многу поедноставни.

2. Заработувањето пари не е забавно

Заработувањето не мора да значи дека треба да правите нешто што го мразите, за некој што смета дека тоа е неопходно. За жал, повеќето работни места денес се вакви. Но можете да заработувате и правејќи го она што го сакате. Можеби токму вашата идеја вреди милион долари. Можеби имате некое хоби на кое доколку му дадете шанса, ќе ви донесе заработка. Поентата е дека заработувањето може, и треба да биде забавно. Всушност, колку позабавно ви е на работното место, толку повеќе ќе заработувате. Добрата заработка сепак може да ве направи среќни.

3. Работењето од 8 до 16 е единствениот начин на заработка

Постојат многу шефови и претприемачи. Воопшто не ви е потребно физичко биро или канцеларија. Сè што ви е потребно се идеја, веб-сајт што можете да ја направите за неколку часови и храброст да го работите она што го сакате. Ако сакате да работите за некоја сигурна личност, можете да го правите тоа и од далечина. Клучно е да имате одлично резиме, кое ќе ви помогне да ја добиете секој работа што ја сакате, но и слободата за движење. Вашето резиме секогаш треба да го прикажува вашето висинско лице и личноста што сакате да станете. Никогаш немојте да се помирувате со просечност.

4. Ако не сте од богато семејство, никогаш нема да се збогатите

Секогаш можете да ги промените вашите околности. Без разлика каде сте родени и од какво семејство потекнувате, со правилното образование сигурно ќе изградите одлична кариера. Исто така секогаш можете да разговарате со успешни луѓе и да ги замолите да ве подучат. Можете да најдете и безброј онлајн курсеви со чија помош ќе научите добро платени вештини.

5. Имањето многу пари ве прави лоша личност

Многу луѓе го побрзуваат богатството со лошиот карактер. Доколку и вие верувате во ова, престанете. Богатството ви дава моќ, а вие можете да ја искористите за да направите голема или мала промена. Земете ги за пример Бил и Мелинда Гејтс – нивната фондација им помага на милиони луѓе ширум светот да се справат со болестите и сиромаштијата. Ова можете да бидете и вие. Да бидете богати едноставно значи дека сте ја следеле вашата страст и сте вложиле во неа. Доколку имате добри намери, парите само ќе ви помогнат да ги остварите.

Прочитајте и за некои од народните верувања за привлекување пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар