5 ужасни работи кои газираните пијалаци му ги прават на вашето тело
Иако многумина од нас мислат дека диеталните газирани пијалаци се добра алтернатива за обичните, сепак не е така. Погледнете ги 5-те работи кои навидум здравите газирани пијалаци му ги прават на вашето тело.
1. Можеби тие се причина што не можете да забремените
Бисфенол А се покажало дека предизвикува намален број сперматозоиди кај мажите и го намалува квалитетот на јајце клетките кај жените. Оваа хемикалија може да се најде на многу алуминиумски конзерви, вклучувајќи ги оние во кои се продаваат пијалаците. Поради хормонално нарушување, оваа хемикалија исто така се поврзува и со зголемен ризик на проблеми при развојот на фетусот. За да ги избегнете овие компликации, држете се настрана од пијалаците во конзерва.
2. Ве здебелуваат
Иако диеталните газирани пијалаци немаат калории, вашето тело не знае што да прави со вештачките засладувачи, па веднаш ги складира како сало. Исто така, се лажете дека е во ред да изедете повеќе бидејќи вашиот пијалак нема калории. Во едно истражување спроведено од универзитетот во Тексас, се открило дека, во текот на една деценија, луѓето кои пиеле диетални газирани пијалаци имале зголемен обем на половината за 70%, за разлика од оние кои не пиеле. И уште пострашно, испитаниците кои внесувале 2 или повеќе од овие пијалаци, имале 500% поголем обем. Диеталниот газиран пијалак во никој случај не ви помага да ја одржите вашата линија.
3. Ги уништуваат вашите заби
Сите знаеме дека шеќерот е лош за забите, но пијалаците со киселини може да нанесат исто толку голема штета. Диеталните газирани пијалаци се кисели и нивното пиење им штети на вашите заби. Држете се до пијалаците со мала киселост како млекото и водата.
4. Се поврзуваат со дијабетес тип 2
Во 2009 година било спроведено истражување за ефектите на диеталните газирани пијалаци на телото. Истражувањето покажало дека пиењето само еден ваков пијалак дневно, го зголемува ризикот од дијабетес тип 2% до 67% , во споредба со луѓето кои не пиеле.
5. Можно е да се поврзани со мозочен удар и деменција
Во неодамнешно истражување била пронајдена поврзаност помеѓу диеталните газирани пијалаци и мозочниот удар и деменцијата. Додека ова истражување сè уште не е цврсто докажано, постојат докази дека ова можеби е вистински проблем. Оние кои консумирале барем еден пијалак со вештачки засладувач дневно, во споредба со оние кои консумирале помалку од еднаш неделно, имале 2,96 пати поголеми шанси за мозочен удар, и 2,89 пати поголеми шанси за деменција.
Па што мислите? Дали ќе се откажете од овие пијалаци или вреди да се ризикува?
Погледнете и неколку рецепти за здрави и освежителни пијалаци со кои можете да ги замените газираните.