5 универзални совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми
За ефективно губење на тежината понекогаш нема потреба да ги следите советите од разноразните прирачници за диета. Доволно е да ги имате предвид овие универзални животни совети.
1. Одржување рамнотежа
Еден од советите за слабеење е токму воспоставувањето рамнотежа. Сепак, тука станува збор за баланс во вашиот живот. Треба да бидете активни и продуктивни, но тоа не значи дека не смеете да кажете „не“ на одредени активности. Работете на рамнотежата така што ќе започнете од вашиот распоред. Тоа ќе придонесе и за намалувањето на стресот и притисокот кои можат лесно да предизвикаат зголемување на тежината.
2. Сон
Верувале или не, сонот е важен при процесот на слабеење бидејќи влијае врз секој хормон во организмот кој може евентуално да придонесе за губењето тежина. Не заборавајте дека на вашето тело му се неопходни 8 часа сон.
3. Помалку интензивно вежбање
Можеби ќе ви звучи чудно, но факт е дека високите интензивни вежби создаваат стрес во телото и иако помагаат при согорување калории, можат да ги исцрпат надбубрежните жлезди, да ја нарушат функцијата на тироидната жлезда, па дури и да го намалат апетитот. Затоа се препорачуваат помалку интензивни вежби како пешачењето, планинарењето, јогата и возењето велосипед, кои согоруваат калории па така ја намалуваат тежината, но и стресот.
4. Не постои совршена диета
Секој е различен па затоа не може да постои совршена диета. Вам ви преостанува да откриете кои здрави намирници најдобро делуваат врз вашиот организам и на тој начин да ја постигнете оптималната тежина. Покрај тоа, наместо да ги трошите парите на скапите диети, потрошете ги на здрава исхрана!
5. Не вреди да го трошите времето во диети
Наместо да бидете опседнати со книгите за диети и да размислувате која диета ќе биде следна, препуштете му се на животот и не дозволувајте ваквите мисли да ви ја одземат радоста од годините кои никогаш веќе нема да се вратат.
Откако ги прочитавте нашите универзални совети за слабеење, можеби ќе сакате да прочитате и 5 совети за здраво слабеење и фит изглед.
Извор: allwomenstalk.com