5 туторијали за шминкање од Јутјуб
Иако на Интернет можеме да најдеме многу туторијали за шминкање, голем број од нив се со слаб квалитет. Сепак, во светот на влогерите за убавина постојат и оние кои се вистински мајстори за шминкање. Овде спаѓаат и некои професионални шминкери кои целите канали ги посветуваат на совети за убавина. Погледнете некои од најдобрите туторијали за шминкање.
1. Зачадени очи
Ова е еден од најпопуларните начини на шминкање кој за жал често не ни успева. Во своето видео, Лиса, за помалку од 10 минути објаснува многу едноставен начин за да го постигнете овој ефект.
2. Техники за нанесување руменило
Руменилото прави да изгледаме посвежо и поздраво, но понекогаш е навистина тешко да го нанесете. Вејн Гос во нејзиното видео покажува дури 5 различни начини на кои можете да го нанесете вашето руменило.
3. Природен изглед
Алана Дејвидсон на едноставен начин покажува како навистина треба да изгледа „природниот изглед“. Нема потреба од многу слоеви шминка и потребно е многу малку време за да изгледате одлично.
4. Големи црвени усни
На ова видео Лиса покажува како да ги зголемите своите усни без да изгледаат вештачки. Ако примените некој од нејзините трикови, брзо ќе го добиете посакуваниот ефект. За да го избегнете вештачкиот изглед, немојте да претерате со цртањето на усната.
5. Хајлајтер и контурирање
И за крај, погледнете како да го промените вашиот изглед играјќи си со светлото и сенките. Симона во нејзиното видео открива како правилно да го исенчате лицето без притоа да изгледате неуредно или со премногу шминка.
Погледнете ги и овие професионални совети за шминкање кои можеби ќе ви се најдат.