5 трикови за поттикнување на интелектуалниот развој кај децата

5 трикови за поттикнување на интелектуалниот развој кај децата

Детскиот ум е како сунѓер и во него лесно се врежуваат нови работи. Детството е добар период од животот за децата да научат некои работи кои ќе го поттикнат нивниот интелектуален развој, а ако сакате да го постигнете тоа, овие 5 трикови ќе ви бидат од голема корист.

5 трикови за поттикнување на интелектуалниот развој кај децата

1. Поттикнете ги да научат да жонглираат

Жонглирањето не е многу тешко да се научи ако постои доволна посветеност. Поттикнете го вашето дете да ја совлада оваа вештина со некаква евентуална награда и тоа ќе научи дека со посветеноста доаѓаат резултатите и наградите. Освен тоа, согласно една студија, ќе има и поголема способност за учење затоа што оние кои учеле жонглирање користеле за нијанса поголем процент од мозокот во споредба со оние кои не ја владеат оваа вештина.

2. Нека научат да се качуваат на дрво

Ова ќе ги научи да ги контролираат емоциите и да се соочат со своите стравови. Покрај тоа, меѓу бројните бенефити од престојот во природа, ова ќе го поттикне и креативното размислување во врска со решавањето на проблеми.

3. Научете ги да играат шах

Ќе загубат многу партии пред да ја вкусат првата победа. Ќе сфатат дека од поразот може многу да се научи. Освен тоа, ќе ја тренираат и својата фокусираност на работите.

4. Пофалете ја напорната работа, а не резултатот

Пофалете го додека учи. Кога подоцна ќе ги донесе дома добрите оценки, забележете му дека напорната работа му се исплатела и тоа ќе ја забележи врската меѓу трудот и резултатот. Тоа ќе му го покачи нивото на работна дисциплина.

5. Натерајте ги да ги заработат работите

Ако вашето дете сака нов смартфон, натерајте го да заштеди барем дел од сумата. Ако го научите вашето дете уште од мали нозе да ги заработува работите, брзо ќе ја совлада вештината на одложување на задоволството која е една од клучните одлики на зрелоста. Покрај тоа, ваквите деца секогаш имаат подобри резултати на училиште од своите врсници, а кога ќе пораснат покажуваат посилна волја и истрајност на патот кон успехот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар