5 трикови за лесно и брзо чистење на пеглата за алишта

5 трикови за лесно и брзо чистење на пеглата за алишта

За пеглата за алишта да трае подолго, грејната плоча треба редовно да се чисти. Еве неколку совети како да го правите тоа на едноставен начин.

1-5-trikovi-za-lesno-i-brzo-chistenje-na-peglata-za-alishta-www.kafepauza.mk_

1. На грејната плоча нанесете паста за заби и добро истријте ја. Потоа избришете ја со мокра крпа, а потоа и со сува. Доколку е потребно, повторете ја постапката неколкупати.

2. После пеглањето, додека пеглата за алишта е сѐ уште врела, поминете со неа врз влажен пешкир или алуминиумска фолија.

3. Со пеглата поминете врз весник на кој претходно сте капнале неколку капки билно масло. Потоа со пеглата поминете низ чиста хартија.

4. Треба да бидете посебно упорни кога ќе сакате да ги отстраните наслагите од синтетички материјали. Со оглед на тоа дека тие многу се лепат, а тешко се отстрануваат, треба да користите наменска паста за чистење и да ја повторите постапката неколкупати. На крај плочата истријте ја со сода бикарбона.

5. Ставете крупна сол на хартија или на мека стара крпа, па со жешка пегла тријте сѐ додека не се иситни солта. За тоа време пеглата ќе се исчисти без никакви последици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар