5 трендови од 90-тите кои повторно се враќаат во мода

5 трендови од 90-тите кои повторно се враќаат во мода

Автор: Софија Сионова

Модата од 90-тите е еден интересен период од кој моментално сите дизајнери црпат инспирација. Додека модните избори во минатото не биле баш најмудри (премногу светки на кожата и широки пантолони во стилот на MC Hammer), голем дел од нив повторно се враќаат на големата сцена.

1. Кроп топови

1-5-trendovi-od-90-tite-koi-povtorno-se-vrakjaat-vo-moda-kafepauza.mk

Иако веќе некое време се модерни, тешко дека овој тренд за брзо време ќе си замине. Од свечени до обични, со долги ракави или кратки, со шари или еднобојни, секој може да си го најде омилениот модел. Токму затоа овој стил е повторно многу популарен. За кежуал изглед широкиот модел со графички принт, шорцеви и цветно кимоно изгледа одлично, или кроп топ од тантела во комбинација со макси здолниште за вечер со пријателките. Можностите се неограничени.

2. Биркенсток сандали

2-5-trendovi-od-90-tite-koi-povtorno-se-vrakjaat-vo-moda-kafepauza.mk

Ова е еден од најскептичните трендови. Без разлика што не се баш најомилени помеѓу женската популација (а секако и меѓу машката!), нивната удобност полека освојува, а голем плус е што модерните верзии се многу поубави од нивните претходници. Најлесно се комбинираат со неутрални бои или минималистички парчиња.

3. Капчиња со прилагодлива големина

3-5-trendovi-od-90-tite-koi-povtorno-se-vrakjaat-vo-moda-kafepauza.mk

Ова капче полека се пробива низ најмодерните трендови и си го добива местото меѓу нив. Ги има во безброј бои и варијанти. Се носат од напред, од назад дури и настрана. Со женствен фустан создаваат контраст, а за изглед инспириран од гранџот најдобро стојат со шорцеви и маичка со принт.

4. Комбинезон

4-5-trendovi-od-90-tite-koi-povtorno-se-vrakjaat-vo-moda-kafepauza.mk

Ова е еден од трендовите кој никој не очекуваше дека ќе се врати, но како и повеќето, и тој го прави неговиот голем камбек. Ако сте похрабри, овие комбинезонките изгледаат супер слатко и се едно од најудобните парчиња за летово. За да не изгледате како да сте излегле од филм од 90-тите, избегнувајте ги широките стилови. Носете потесни модели или кратки. За екстравагантен изглед можат да се спојат со кроп топ, така што ќе покажете малку кожа која ќе ѕирка од страните.

5. Карирано

5-5-trendovi-od-90-tite-koi-povtorno-se-vrakjaat-vo-moda-kafepauza.mk

Дефинитивно стилот на 90-тите е најпрепознатлив по карираното. Иако овој принт е евергрин, оваа сезона го има секаде. Одлични варијанти се: кошула со маичка и фармерки за секојдневен изглед, или кошула заврзана на струкот со убав фустан или спортско здолниште за баланс помеѓу женствениот и машкоданскиот изглед.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар