5 типови пријатели што треба да ги изоставите на вашето следно патување

5 типови пријатели што треба да ги изоставите на вашето следно патување

Патувањето треба да биде забавно и со луѓе кои ви се пријатни. Никогаш не тргнувајте на пат со личност која ја знаете помалку од 72 часа. Многу работи можат да тргнат наопаку ако патувате со погрешни луѓе. Затоа, следниот пат кога ќе патувате, овие пет типа луѓе не би требало да се најдат покрај вас.

1. Скржавецот

Патувањата се скапа работа, а скржавите луѓе тоа многу добро го знаат. Никако немојте да патувате со некој кој не сака да плати половина за такси или сметка во ресторан и слично. Иако и тие учествувале во возењето/јадењето тие ќе речат дека тоа било ваша идеја и ќе ве натераат сами да ги подмирите сите трошоци.

1-5-tipa-prijateli-sto-treba-da-gi-izostavite-na-vaseto-sledno-patuvanje-kafepauza.mk

Гледајте луѓето со кои патувате да бидат барем во приближна финансиска состојба како вас. Тоа не значи дека треба да бидат пребогати (да бидеме искрени, мал е бројот на богати луѓе во денешно време), особено ако вие не сте. Доколку вашиот пријател е пребогат и се расфрлува со пари на патувањето, вие ќе чувствувате дека и вие треба да го правите истото, а кога ќе се вратите дома наместо да сте полни со нови искуства и среќни, вие ќе чувствувате тага дека сите пари сте ги потрошиле на глупости.

2. Кралица на драмите

Овој тип луѓе најлесно се забележува. Ќе ги препознаете по тоа што не сакаат да дадат бакшиш само затоа што келнерот заборавил да им донесе вода или ќе предизвикаат сцена кога некој ќе ги турне. Тие се оние кои ќе плачат и ќе се закануваат дека ќе си одат ако келнерот е некултурен спрема нив. Ваквите луѓе дефинитивно не ви се потребни на патувањето. А особено ако патувате повеќе од неколку дена.

2-5-tipa-prijateli-sto-treba-da-gi-izostavite-na-vaseto-sledno-patuvanje-kafepauza.mk

3. Интровертот

Најлоша идеја што може да ви падне на ум е да повикате интроверт на патување. Тие ќе ви го уништат патувањето со нивното кенкање дека сакаат да одат дома и ќе ви ги упропастат сите спонтани искуства кои треба да ги доживеете на патувањето.

3-5-tipa-prijateli-sto-treba-da-gi-izostavite-na-vaseto-sledno-patuvanje-kafepauza.mk

Постојано ќе ги убедувате дека е во ред – во ред е да не сакаат да го истражуваат ноќниот живот на местото каде што се, во ред е да не сакаат да играат. Навистина е во ред да не ги присилувате на нешто што тие не го сакаат. Не можете никако да ги натерате да направат нешто што не им е удобно. Но, сепак не е во ред да заглавите на патување со некој кој повеќе би сакал да е дома и да гледа филмови.

4. Пијаницата

Одморите се време и место за релаксација, но тоа не значи постојано пијанење. Сигурно не сакате да бидете со некој кој ќе се испијани уште во 9, а на крајот од вечерта е толку пијан/а што не знае да дојде до хотелот. Ова колку-толку е во ред кога сте дома, но на патување, последното нешто што би сакале е да се грижите за несоодветното однесување на вашиот/ата пријател/ка.

4-5-tipa-prijateli-sto-treba-da-gi-izostavite-na-vaseto-sledno-patuvanje-kafepauza.mk

5. Пријателот/ката во врска

Само затоа што некој е во сериозна врска не мора да значи дека патувањето ќе биде лошо, но во најголем број од случаите е катастрофа. Особено ако се премногу приврзани за нивниот партнер. Ако познавате некој кој е постојано со својот партнер и одлучите да ги земете со вас на одмор, тоа баш и нема да ви биде најпаметната идеја. Освен ако не сакате постојано да ги гледате на телефон разговарајќи со партнерот или да ги слушате кога си кажуваат „ми недостигаш“ додека вие се обидувате да заспиете.

5-5-tipa-prijateli-sto-treba-da-gi-izostavite-na-vaseto-sledno-patuvanje-kafepauza.mk

Веројатно барем еднаш ќе ги снема во текот на денот. Тие воопшто нема да го доживеат искуството и прекрасните моменти кои ги нудат патувањата. А и вам ќе ви биде скратено уживањето. Мали се шансите дека ќе излезете со групата слатки момци/девојки кои ги запознавте на плажата. Затоа следниот пат кога ќе патувате, другарот/ката кој/а е во „медената фаза“ од својата врска оставете го/ја дома, со саканата/иот бидејќи таму припаѓа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар