5 типови мажи на кои силните жени нема да им обрнат внимание
Ментално силните жени имаат свои очекувања кога е во прашање изборот на партнер. Ѝ припаѓате ли на оваа група жени? Доколку и вие сте ментално силна жена, тогаш без сомнение веќе ги избегнувате овие мажи. Но, ако го пронајдете вашиот партнер во една од следниве категории, тогаш можеби е време да размислите зошто сте го одбрале токму него…
1. Маж што не учествува во односот
Вие сте жена што цврсто оди по земја и има свои очекувања за врската. Ако забележите дека мажот не учествува во вашиот однос како што очекувате, тогаш тоа е губење на време за вас. И вие тоа добро го знаете.
2. Љубоморен маж
За да ги постигнат своите цели, силните жени не се кријат зад другите, туку самите се движат напред. Тоа значи дека во секојдневниот живот се среќаваат и со мажи и со жени. Ако забележите дека вашиот партнер ве вознемирува и е љубоморен на секој ваш чекор, наскоро ќе сфатите дека не е за вас.
3. Се плажи од вашето мислење
Жените кои се ментално силни не се плашат да го искажат своето мислење на различни теми. Ако некој маж има проблем со ова тогаш таквото мислење ќе го повреди, а тоа негативно ќе влијае на вашиот однос. Со текот на времето ова ќе ви пречи сè повеќе и повеќе.
4. Неодлучен маж
Жените кои се одлучни никогаш нема да воспостават врска со неодлучен тип. Со текот на времето тоа ќе почне да ве фрустрира и порано или подоцна ќе ја прекинете оваа врска.
5.Маж што не ве цени
Силните жени се амбициозни и тежнеат кон целите што си ги поставиле. Ако запознаете маж кој не ги гледа и не ги цени вашите успеси и кој не е горд на вас, таквиот однос би бил само губење на време.
Дознајте и кои се тие 3 типа мажи на кои секоја жена наидува во одреден период од животот.