5 типа вработени кои никој не сака да ги задржи на работа

5 типа вработени кои никој не сака да ги задржи на работа

Не се само шефовите лоши, такви можат да бидат и вработените. Не секој од нив се носи со задачите кои му се дадени поради својот проблематичен карактер и затоа шефот, човекот чија работа зависи од работата на работникот, не сака долго да ги задржи под свое водство. Рубен Јонатан, блогер и човек со богато претприемничко искуство, издвојува пет типа вработени за кои вели дека се отров за организацијата и не треба да се задржат затоа што нанесуваат штета за сите.

5 типа на вработени кои никој не сака да ги задржи на работа

1. Збунетиот

Збунетиот е некомпетентен и никој не може да се потпре на него. Својата неспособност ја покрива користејќи помош од целиот тим. Има некоја научена беспомошност која постојано се појавува кај него и затоа не се срами да побара помош за што било, притоа спречувајќи ги другите да ги изработат своите задачи. Понекогаш другите треба и да ги исправаат неговите грешки. Пасивен е, неорганизиран и не сака да се промени. Нему му е потребен дополнителен тренинг или постојани проверки за да работи подобро.

2. Мрзливиот

Тој постојано наоѓа изговори за недовршената работа. Како и збунетиот, и тој постојано ги троши енергијата и ентузијазмот на другите вработени. Мрзливиот е немотивиран, не му е гајле како ќе се заврши работата, троши време на интернет наместо да работи и се труди да добие што е можно повеќе слободни денови. Нему, едноставно, не му се работи. Шефот би требало да се обиде да открие што е причината за неговото однесување, дали можеби залутал во погрешна професија и слично, и да ги искаже своите јасни очекувања од секој што сака подолго време да работи во компанијата.

5 типа на вработени кои никој не сака да ги задржи на работа

3. Маченикот

Маченикот им е потребен на претходните двајца, но не и на компанијата. Мачениците сакаат да ја завршат целата работа на тимот, да ја истакнат својата жртва и да добијат заслуги за тоа. Можеби сакаат премногу да контролираат, можеби само се трудат да се докажат пред другите, но кој и да е нивниот мотив, факт е дека ја нарушуваат ентузијастичката работна атмосфера. Тие не ги знаат своите граници, се жалат на неработењето на другите и ја поткопуваат нивната самодоверба. Шефот треба да им покаже дека на работа сите соработуваат, а не се натпреваруваат. И малку платен одмор добро би му дошло за враќање во нормала.

4. Дружељубивиот

Дружењето меѓу колегите е убава работа и нешто кое секој претпоставен го посакува, но не на начинот на кој тоа го прави овој човек. Кога тој/таа доаѓа на работа, првото нешто со кое се зафаќа е долгото пиење на утринското кафе, разговорот со колегите, озборувањата. Наместо да работи, тој времето го троши во дружење. Му фали концентрација, има незрел и несериозен пристап кон работата и често се однесува непрофесионално.

5. Негативецот

Можеби клинички не му фали ништо, но неговото однесување е толку деструктивно што може да нанесе многу штета на атмосферата во тимот. Не обрнува внимание на работната етика, се однесува агресивно и заплашувачки со другите, има проблеми со авторитетите над него, ги манипулира колегите и има нарушени односи со нив. Сите сакаат тој да си оди од работното место.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар