5-те најголеми причини поради кои не можете да ослабите

5-те најголеми причини поради кои не можете да ослабите

Вежбањето и соодветната здрава исхрана се вашите најголеми сојузници против вишокот килограми, но понекогаш, колку и да се трудите вие едноставно не забележувате промена во вашата тежина. Зошто се случува тоа? Погледнете ги 5-те најголеми причини поради кои не слабеете…

5-те најголеми причини поради кои не можете да ослабите

1. Стрес

Многу луѓе веруваат дека секојдневниот стрес може да го поттикне телото на трошење дополнителни калории, но вистината е дека тој го зголемува лачењето на кортизолот, хормон кој му сигнализира на телото да чува масни наслаги. Особено во оние делови околу стомакот. Исто така хормоните на стресот ги зголемуваат супстанците кои учествуваат во регулација на резервите на јаглехидрати и на тој начин ја зголемуваат желбата за храна.

Совет: Физичката активност во комбинација со хранлив оброк видливо го намалува стресот.

2. Вежбате, но не слабеете

Најголемата грешка кај оние кои вежбаат е што посегнуваат по шише вода откако ќе завршат со тешкиот тренинг. На тој начин телото при вежбањето предизвикува задржување на водата. Токму затоа доколку вашето тело не добива доволно течности за време на вежбањето, тоа природно се осигурува да не дехидрира, па почнува да складира големи количини вода, која и по вежбањето се задржува во вашето тело.

Совет: Секогаш за време на тренингот имајте шише вода на дофат.

3. Седење подолго од 2 часа

Кога седиме, нашето тело полека ја губи способноста да согорува вишок маснотии. Доколку седите неколку часа без притоа воопшто да станете, ќе предизвикате забавено делување на ензимите кои се одговорни за успешно согорување на маснотиите. Истражувањата ни покажуваат и дека со долго седење вие се изложувате на ризик од вишок маснотии околу стомакот, висок крвен притисок, повишени маснотии во крвта, како и абнормално количество шеќер.

Совет: Наместете потсетник на вашиот мобилен или компјутер кој ќе ве потсетува на секој час да се исправите и растегнете.

4. Штедите протеини

Доколку телото не добива соодветна количина протеини, која за жените изнесува од 40 до 80 грама дневно, доаѓа до зголемено чувство на глад, губење мускулна маса и потреба за брза храна. Токму затоа воопшто не треба да штедите на протеини, бидејќи тие го снабдуваат организмот со доволно енергија за функционирање, како и ве прават сити подолго време.

Совет: Чисто месо, јајца, јогурт, сирење или јаткасти плодови се само дел од најдобрите извори на протеини со кои можете да се снабдувате со енергија и да ги поттикнете маснотиите на трошење.

5. Не пиете доволно вода

Доколку не пиете доволно вода, вашето тело ќе почне да добива погрешни информации, па токму затоа и сигналите за жед ќе ги замени со сигнали за глад. Најчестата последица е консумирање непотребни калории поради кои луѓето се здебелуваат.

Совет: Зголемете го внесувањето вода во вашето тело и набрзо ќе почнете да ги губите вашите лажни сигнали за глад.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар