5-те фрази со кои психопатите ве тераат да се сомневате во себе

5-те фрази со кои психопатите ве тераат да се сомневате во себе

Кога ќе го слушнете зборот психопат, можеби често помислувате на Ханибал Лектор, но повеќето психопати се всушност ненасилни членови на општеството. Големи се шансите тие да изгледаат како сосема добри и мирни луѓе.

5-те фрази со кои психопатите ве тераат да се сомневате во себе

Психопатите, пред сè, се друштвени предатори. Без грижа на совест, тие го користат својот шарм и способноста за манипулирање за да го добијат она што го сакаат, без разлика дали тоа е пријателство, љубовна врска или работно место. Тие често го менуваат својот карактер и стануваат личноста која вие сакате да бидат. Но, кога повеќе немаат да имаат потреба од вас, почнуваат да се однесуваат „лудо.“ Во продолжение погледнете неколку фрази кои ги користат психопатите кои сакаат да се посомневате во вашето психичко здравје.

1. „Премногу анализираш“

Се разбира, постојат луѓе кои навистина премногу анализираат. Разликата помеѓу оваа изјава од страна на психопатите и обичните луѓе е тоа што ќе откриете дека сте биле во право. Тие често намерно прават работи кои ќе ве натераат да станете параноични. Кога ќе почнете да се сомневате во нешто, тие ќе ве обвинат дека премногу анализирате. Тие сакаат да се сомневате во вашата интуиција и да се чувствувате како луд детектив.

2. „Мразам драми“

Иако го викаат ова, ќе сфатите дека тие се опкружени од драми многу повеќе од другите луѓе. Психопатите прво ќе ве идеализираат и ќе ве издигнат над сите други. Ќе ве фалат за вашата совршена, мирна и едноставна природа. Но бидејќи често им станува здодевно, тоа нема да трае долго. Тие се патолошки лажговци и вечни жртви. Нема да помине многу пред овие особини да излезат на површина. Наскоро, секој пат кога ќе спомнете дека сте загрижени или незадоволни, тие само ќе ви речат дека мразат драми.

3. „Многу си чувствителен/чувствителна“

Психопатите знаат како да создадат емоции кај другите. После константното фалење и ласкање, тие ќе почнат да ве игнорираат на неколку денови, а потоа ќе ја очекуваат вашата реакција. Кога ќе го направите тоа, ќе ве обвинат дека сте премногу чувствителни. Можно е да ве навредат, да ве критикуваат и да ве омаловажуваат. Ќе ве притискаат сè додека не прозборите, а потоа ќе го искористат тоа против вас.

4. „Не ме разбираш“

Недоразбирањето може да се случи секому. Но, кога сте со психопат, тој намерно ќе кажува работи кои знае дека ќе ве испровоцираат. А кога ќе почнете да реагирате, ќе ве обвини дека не сте го разбрале. Дури ќе одрекува дека рекол нешто. Всушност вие одлично сте го разбрале, но тој само сака да се сомневате во вашиот разум.

5. „Ти си луд/а, љубоморен/на, биполарен/а, заљубен/а во мене“

Нарекувањето со вакви имиња обично почнува кога работите се движат надолу. Според психопатите, сите нивни поранешни партнери, пријатели и колеги се луди, биполарни, љубоморни или вљубени во нив. Единствен излез од оваа ситуација е прекинување на контактот со психопат. Тоа значи без пораки, јавувања, па дури ни Фејсбук пријателство. Во спротивно бидете сигурни дека тие ќе направат сè за да помислите дека сте полуделе. Добрата вест е тоа што кога психопатот сака да ве натера да се сомневате во вашата интуиција е знак дека тоа им предизвикува неволји.

Тие сакаат да го уништат секој кој може да им ја наруши илузијата на нормалност во светот. Па кога ќе почнат да играат ментални игри со вас, тоа е некоја индиректна и чудна почит кон вашата способност да ги забележите „грешките“ кај нив.

Дознајте и кои се најизразените карактеристики на психопатите во реалниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар