5-те фази на болка низ кои минуваат близначките души додека се разделени

5-те фази на болка низ кои минуваат близначките души додека се разделени

Врската на близначките души е исполнета со љубов и радост, но не е без тешкотии. Љубовта што ја чувствуваат едни кон други е навистина интензивна, но на ист начин ја чувствуваат и болката додека се разделени.

5-те фази на болка низ кои минуваат близначките души додека се разделени

Разделбата на близначките души не е како кај обичните врски. Кога се одделувате од вашата близначка душа може да ви се сруши целиот свет. Постојат неколку фази на болка низ кои минуваат разделените близначки души, а кога ќе ги знаете полесно ќе се справите со процесот.

1. Разбирање на разделбата

За да ја преболите разделбата најпрво треба да ја разберете. Близначките души минуваат низ разни фази на „бркање и бегање“, а овој процес е нормален кога една од душите почнува да ја негира врската. Таа личност не може да се справи со ова, па бега. Другата личност ќе го разбере процесот, но ќе остане со скршено срце.

2. Шок на душата

Шокот на душата е посилен од скршеното срце. Личноста мора да го разбере и со текот на времето да му се предаде. За да ги искажете овие емоции потребно е да ги разберете. Немојте да тонете во тага. Штом ќе го надминете шокот на душата, ќе го пронајдете вашиот мир.

3. Љубов кон себе

Додека сте разделени од вашата близначка душа, треба да научите да се сакате. Ако сакате да бидете со некого, прво треба да научите како да бидете со себе. Работете на сите нешта што сакате да ги промените кај себе и научете да бидете сами. Дури тогаш ќе бидете среќни.

4. Верба во огнот

Иако е вистинско искушение да ја обвините другата личност за разделбата бидејќи си заминала, не значи дека таа е крива. Таа го прави истото што и вие – созрева во личноста што треба да стане со цел да се обедини со вас. Потребно е да верувате дека еден ден ќе се врати кога ќе биде подготвена.

5. Верба во универзумот

Во текот на секоја разделба доаѓа момент кога треба да заборавите на сè и да почнете да му верувате на универзумот. Бидете трпеливи.

Обединувањето на близначките души ќе се случи пред да се свестите. Повторно ќе ја сретнете вашата близначка душа кога ќе воспоставите рамнотежа и кога ќе си простите. За ова е потребно да еволуирате и да бидете свесни за вашата духовна реалност.

Дознајте и што се случува кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар