5-те девојки кои се прогласени за најсекси модели во 2014 година
Оваа година имавме можност да гледаме како се развиваат дел од најпопуларните модели во светот на модата, но исто така да запознаеме и некои од новите девојки кои имаат потенцијал да постигнат многу повеќе. Но, кои се оние кои успеаjа најмногу да се издвојат оваа година? Погледнете ја оваа листа од „FashionTV“ која ги вклучува најжешките модели во 2014.
1. Кендис Сванепол
Не е едноставно да се достигне првото место во 100-те најсекси жени во светот од „Maxim“, а токму тоа го постигна овој ангел од „Victoria’s Secret“. Кендис Сванепол со својата природна убавина и потекло од Јужна Африка е неверојатно секси изненадување во модниот свет. Оваа година таа заработила 4 милиони долари, а се очекува во 2015 година оваа бројка значително да се зголеми.
2. Адријана Лима
Со 14 шоуа од „Victoria’s Secret“, две деца и една од највисоките заработки во светот, прекрасната Адријана Лима има договори со најголемите модни компании во светот. Таа се здобила со титулата најсекси модел во светот како и најсекси жена во 2012 година…
3. Џиџи Хадид
Совршената девојка од Калифорнија со уличен изглед, го освои светот на модата во 2014 година кога се појави на страниците на голем број модни списанија, а потоа доби место и во ексклузивниот календар „Pirelli“ за 2015 година каде што е девојката од ноември. Изгледа дека наредната година ја очекуваат уште поголеми постигнувања…
4. Ана Беатриз Барос
Со својот жежок поглед и облини во форма на песочен часовник, Ана Беатриз Барос со своето тело ја дефинира сексуалноста. И покрај тоа што ја има на голем број насловни страни за дел од најпознатите списанија, она што ја дефинира како една од најжешките секс симболи од Бразил е нејзината природна убавина и шарм.
5. Алесандра Амброзио
Оваа прекрасна девојка, која е и модел на „Victoria’s Secret“ го достигна врвот во својата кариера и изгледа пожешко од кога било. Таа е најпосакувана на црвениот тепих и е секогаш подготвена да ги осветли сите модни писти под нејзините нозе. Токму затоа ја заслужила титулата како една од најсекси моделите во 2014 година.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.