5-те бои што најдобро им прилегаат на русокосите
Можеби некому ќе му звучи чудно и малку старомодно, но најискрено, постојат одредени бои кои секогаш им прилегале подобро на русокосите, отколку што е случајот со црнките, бринетите… Ова воопшто не е фаворизирање на одредена групација, туку нивниот тен и боја на коса совршено одговараат со одредени бои и нијанси и прават тие да изгледаат совршено. Ако сте русокоса, тогаш веќе најверојатно знаете кои бои најдобро ви прилегаат, но никогаш не е лошо да поминете низ нив уште еднаш.
1. Црвена
Постојат многу мислења дека русокосите се позабавни и подоминантни во однос на другите, па со оглед на сето тоа, на нив црвената боја им претставува природно случување, а не нешто кое дополнително би го понеле. Контрастот кој го остваруваат со бојата на косата им дава одличен ефект и една силна, впечатлива појава, поради која црвената боја никако не можеме да ја заобиколиме кога се во прашање девојките со руса коса.
2. Металик
Не е важно дали станува збор за металик во златна или во сребрена боја, ниту пак изборот на облеката, туку е важно да ги карактеризира светкав, сјаен, блескав изглед, поради кои ваквите парчиња уште во самиот старт подобро им прилегаат на русокосите. Освен тоа, модната комбинација во оваа боја и нивната коса добиваат еден сосема класичен, а повторно атрактивен изглед.
3. Кралско сина
Во суштина, оваа потемна нијанса на сина боја ѝ прилега на секоја жена, без оглед на бојата на косата. Еден од најдобрите контрасти е оваа боја и црвена коса во пакет, но кога ќе погледнеме како совршено и смирено се вклопува со русата коса, едноставно нема да можете да ѝ одолеете.
4. Пастелно розова
И не само розовата, туку и сите други пастелни бои совршено им прилегаат на русокосите. Доколку сте русокоса секогаш избирајте пастелни бои кои ќе ви овозможат одличен и атрактивен изглед.
5. Бела
Заедно со русата коса, белите модни комбинации даваат отмен, но истовремено и нежен и сосема свеж изглед кој го посакува секоја девојка.