5-те афирмации кои треба секојдневно да си ги кажуваме

5-те афирмации кои треба секојдневно да си ги кажуваме

Луѓето се среќни кога секој нов ден го гледаат како нова шанса и кога одредена непријатна ситуација не ја доживуваат како проблем, туку како предизвик. Волјата, трудот и работата на себе се пресудни за уживањето и опуштањето во секој нов ден, без стрес, нервози и лошо расположение.

5-те афирмации кои треба секојдневно да си ги кажуваме

Инструкторката по јога, Џо Бет Ричардс, верува дека секој може да ја практикува оваа древна психофизичка дисциплина и дека резултатите сигурно нема да ве разочараат, со оглед на тоа дека релаксацијата, самостојниот развој и техниките за дишење ја намалуваат напнатоста и секојдневниот стрес. Во продолжение, 5-те клучни афирмации до кои треба да се придржуваме.

1. „Денешниот ден е тука со причина.“

Колку често одите некаде или правите нешто против своја волја? Денот ви поминува во досада, нервоза и стрес. Затоа, наместо да потпаднете под новите предизвици или денот да го гледате како секој друг ден, уште еден во низата, гледајте го како посебен, брилијантен и неповторлив.

2. „Подготвен/а сум на сѐ што ме чека денес.“

Не се сите денови најдобри, ниту пак ќе бидат, но потребно е да верувате дека вие сте најдобри и дека ја имате силата и мотивацијата која ви е потребна храбро и зрело да се соочите со проблемите.

3. „Денес ќе бидам благодарен/а“.

Уживањето, среќата и внатрешната благосостојба не се засновани на идејата дека имате сѐ што може да се купи со пари, туку да научите да бидете благодарни. Ако ги цените драгите луѓе, убавите моменти и животот, ќе имате помалку очекувања, а со самото тоа и помалку стрес и разочарување.

4. „Секој ден сум свесен/а колку вредам.“

Не е важно што се случило вчера, туку како постапувате и мислите денес. Доколку не дозволувате сенките од минатото да ве мачат, а учите од своите грешки и не ги доживувате трагично, тогаш ќе имате многу поголема самодоверба и поперспективна слика за себе.

5. „Денес е мој ден.“

И покрај бројните обврски и планови кои ги имате, сепак само вие сте творци на секој нов ден, а таа привилегија е нешто што не треба да се заборава. Речениците не треба да ги започнувате со „Морам да го направам тоа“ туку со „Сакам да го направам тоа.“

Инспирацијата и мотивацијата се основните двигатели на среќата и успехот. Не заборавајте да ги побарате во секој ден, прилика или момент.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар