5 тајни за младешки изглед на вашите дланки

5 тајни за младешки изглед на вашите дланки

Дланките најчесто ја покажуваат вистинската возраст бидејќи тие стареат многу побрзо од лицето. Но, добро е да знаете дека можете да го избегнете ова доколку правилно се грижите за нив.

(6)5-tajni-za-mladeshki-izgled-na-vashite-dlanki-kafepauza.mk

Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да го одржите младешкиот живот на вашите дланки.

1. Правилно мијте ги дланките

(1)5-tajni-za-mladeshki-izgled-na-vashite-dlanki-kafepauza.mk

Честото миење со сапун може да ја намали влажноста на дланките и да предизвика создавање дамки. Следете ги овие едноставни правила за да го избегнете тоа:

  • Немојте да користите антибактериски сапун освен ако навистина е потребно. Избегнувајте парфеми, тие ја сушат и ja иритираат вашата кожа. Одберете навлажнувачки сапун со масло од јојоба, алое вера или маслиново масло.
  • Мијте ги рацете со топла, но не жешка вода за да го одржите природниот заштитен слој.
  • Избегнувајте ги феновите за раце и секогаш користете крпа.

2. Носете ракавици

(2)5-tajni-za-mladeshki-izgled-na-vashite-dlanki-kafepauza.mk

Вашите раце постојано се под стрес поради надворешните фактори како студот, хемикалиите и сувиот воздух. За да ја намалите штета, носете ракавици во секоја пригода.

  • Кожни, крзнени или волнени ракавици за зима.
  • Гумени ракавици за чистење.
  • Платнени ракавици за во градината.

3. Редовно навлажнувајте ги дланките

Moisturizer on the end of woman finger.

Добрата крема за раце е потребна колку и добриот сапун.

  • Нанесете ја кремата по потреба, но не помалку од 2 пати дневно. Ако имате сува кожа, ставајте крема после секое миење на рацете. За најдобар ефект, нанесете ја кремата, ставете памучни ракавици и така одете на спиење.
  • И вашите нокти имаат потреба од навлажнување. Ставете малку крема за раце и на нив, а набавете и крема со витамин Е за вашите кутикули.
  • На кожата ѝ е потребно навлажнување и однатре, па затоа пијте многу вода.
  • Купете навлажнувач за воздух и користете го секогаш кога воздухот е сув.

4. Не заборавајте на пилингот

Покрај кремата, вашите дланки имаат потреба од пилинг и маска еднаш неделно.

  • Маските за дланки можете да ги направете од производи кои ги имате дома. На пример, измешајте половина авокадо, жолчка од јајце и една лажица лимонов сок. Нанесете на дланките и оставете да делува 20 минути.
  • Можете да користете мешавина од маслиново масло и шеќер за пилинг.
  • Совет за мрзливите: Кога ставате маска или пилинг на вашето лице, нанесете го и на вашите дланки.

5. Користете крема за заштита од сонце

(5)5-tajni-za-mladeshki-izgled-na-vashite-dlanki-kafepauza.mk

Еден од главните знаци на стареење е хиперпигментација на кожата на дланките. Ова најчесто е предизвикано од сонцето.

  • За да ги избегнете овие точки, редовно нанесувајте крема за заштита од сонце.
  • Цитрусните овошја се одличен природен „избелувач“. Можете да си правите маска од 1 лажица лимонов сок, 1 лажица млеко и 1 мала лажичка мед.

Погледнете уште неколку совети за убави дланки и нокти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар