5 тајни за фатална убавина од Русинките

5 тајни за фатална убавина од Русинките

Русинките се познати по својата убавина, па многумина се согласуваат дека се помеѓу најубавите жени во светот. Освен гените, својата волшебна, етерична убавина и шарм, Русинките ги добиваат и од специфичниот животен стил, што денес ќе ви го откриеме и вам.

1-zoshto-rusinkite-se-tolku-ubavi-i-fatalni-5-tajni-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

1. Многу пешачење како омилена рекреација

Овие девојки сакаат пешачење повеќе од какви било други вежби. За своите витки тела може да му се заблагодарат на пешачењето, па дури и во најстудените руски зими. После пешачењето, втората најомилена рекреација им е пливањето. На третото место се наоѓа возењето велосипед, па вежбањето во теретана, а колку сакаат да се грижат за својот изглед и тело докажува и фактот дека често посетуваат спа центри и козметички салони.

2. Зеленчук и билки во чинијата, но и во бањата

Исхраната на Русинките е богата со зеленчук, а во нивните чинии секојдневно се наоѓаат и топли супи со зеленчук – традиционалното јадење од руската кујна. Русинките со раширени раце ги прегрнале и даровите од природата кои ги користат за одржување на убавината на кожата и косата. Помеѓу најчестите билки и зачини во нивните бањи може да се најдат хмељ, коприва, детелина и слични болки кои ги користат за одржување на свежината и здравјето на кожата, но и за негување на сјајна, густа и јака коса.

3. Благо масирање на лицето за долговечна младост

Кога станува збор за шминкањето, Русинките се служат со некои невообичаени методи за нивните лица да изгледаат посвежо, поздраво и помладо. Еден од триковите кои ги користат е лесната масажа на лицето кога ја нанесуваат шминката, која ѝ помага на кожата подолго време да изгледа младолика. Русинките се познати по своите големи, занесни очи, а овие преубави жени сакаат уште повеќе да ги нагласат со обилен слој маскара и богато нанесени сенки за очи.

2-zoshto-rusinkite-se-tolku-ubavi-i-fatalni-5-tajni-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

4. Шминка за убавина и заштита

Русинките надалеку се познати и по својот нежен, светол и беспрекорен тен што, помеѓу останато, му го должат на студениот руски воздух кој ги затвора порите и го подобрува затегнувањето на кожата. За да го нагласат тој тен, носат гламурозни бои на кармини, а омилени нијанси им се црвената и кафеавата. Врз карминот честопати нанесуваат сјај за усни за максимален ефект. Сјајот им служи и како заштита за усните од сувата и ладна клима.

5. Маска за лице и коса од јајце

Русинките владеат со природните третмани за убавина, особено кога станува збор за лицето и косата. Еден од омилените домашни третмани на преубавите девојки е маската од јајце која ја приготвуваат на следниот начин:

За лице: Измијте го лицето со топла вода и исушете го со тапкање со пешкир. Земете едно јајце и одвојте ја белката од жолчката. За маската користете ја белката во која ќе додадете една лажичка млеко, па нанесете ја на лицето и оставете ја да отстои од 10 до 15 минути. Измијте го лицето со студена вода.

За коса: На жолчката додајте ѝ малку маслиново масло и мед, па добро измешајте. Маската нанесете ја на косата и држете ја еден час. Измијте ја косата со шампон како и обично.

Освен Русинките, место помеѓу најубавите жени на светот имаат и Французинките, а еве кои тајни за убавина и женственост можете да ги украдете од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар