5 тајни на жените кои ја обожаваат својата работа
Затворете ги очите и размислувајте за вашата моментална работа. Дали сте среќни? Тажни? Вознемирени? Сите ние сме поминале низ добри и лоши денови на работното место, но доколку забележите дека сте постојано под стрес или се чувствувате незадоволно, време е да промените нешто. Пред сè, немојте да се грижите, бидејќи една холандска студија покажала дека луѓето во своите дваесетти се значајно понезадоволни и побавни од своите постари колеги.
Ова се петте тајни на жените кои ја обожаваат својата работа и секој ден доаѓаат со насмевка на лицето за да ги извршат своите работни обврски.
1. Глумете дека сте нови на работното место
Учењето и запознавањето со нови нешта е една од работите кои најмногу мотивираат. Затоа обидете се да пронајдете нешто ново за кое досега не сте знаеле многу и усовршете ја таа вештина. Потоа облечете се за на работа како прв пат да ќе влегувате во канцеларијата. Кога би биле нови, сигурно би сакале да запознаете што е можно повеќе колеги, па затоа свртете се околу себе и обидете се да започнете разговор со некоја нова личност. Ќе забележите дека дома ќе се вратите посреќни и возбудени како да сте биле во ново работно опкружување.
2. Работете нешто што сакате надвор од вашето работно време
Освен тоа што поголемиот дел од вашето време го поминете на работното место, обидете се барем еден или два часа неделно да издвоите за активностите во кои навистина уживате. Без разлика дали е во прашање свирење на гитара, прошетка или гледање филмови, многу е важно да направите баланс помеѓу работните и приватните обврски.
3. Направете ја работата таква каква што сакате
Прилагодете ја работата што ја работите на себе и направете пријатно опкружување во кое ќе уживате. Променете го начинот на кој работите. На пример, доколку не сакате да праќате и да одговарате на мејлови, пронајдете начин кој ќе ви ја скрати таа макотрпна работа. Потоа, променете го начинот на кој комуницирате со колегите. Ќе видите дека и самиот пристап ќе создаде нова и подобра атмосфера. И на крајот, пронајдете ја целта на вашата работа. Зошто, поради што го работите она што го работите? И во деновите кога нема да ви оди сè како што треба ќе се сетите дека сте таму поради некоја причина и полесно ќе го завршите започнатото.
4. Научете како суптилно да кажете „Не“
Сигурно ви е позната ситуацијата во која од страв да не повредите некого ја прифаќате целата негова работа и на крај завршувате уморни и фрустрирани. Затоа научете како да кажете „не“ на најљубезен начин. На пример: „Тоа е навистина одлична шанса и навистина би сакала, но многу сум зафатена со проектот X“.
5. Запрашајте се што уште ви недостига
Запрашајте се што е она што би ве направило среќни на работа. Дали е тоа нов проект, поубаво опкружување? Предложете му на вашиот шеф некоја идеја која ќе ја унапреди работата што ја извршувате, а и ќе го подобри вашето расположение. Секако, ако таа идеја не подразбира скратено работно време, бидејќи во тој случај можеби ќе треба да го промените работното место.