5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот маж

5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот маж

Стапувањето во брак е еден од најголемите чекори и најважната одлука која ја носиме во животот. Се заколнуваме на вечна љубов, посветеност и грижа. Ветуваме дека секогаш ќе бидеме заедно, во добро и во зло. За бракот да опстане, се подразбира дека не треба да има тајни и дека треба да бидеме целосно отворени и искрени еден кон друг. Сепак, според некои истражувања, постојат некои тајни, кои девојките сакаат да ги задржат за себе и да не ги споделат со својот брачен партнер. Дознајте кои се тие 5 тајни, кои секоја девојка ги крие од својот иден сопруг.

5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот маж

1. Разговорите со најдобрата пријателка

Без разлика колку и да се труди, партнерот никогаш нема да ги дознае деталите од разговорите на неговата девојка со нејзината најдобра пријателка. Најдобро е тој да го прифати нивниот однос како сличен на брачниот – заснован на љубов, почит и доверба. Во некои случаи, на девојките им е полесно да им се доверат на другарките отколку на партнерот. Сепак, тоа не значи дека љубовта и довербата кон партерот не се доволно силни. Најдобрата пријателка со сигурност знае некои детали за врската, како на пример за љубовта и љубомората, за некои нејзини несигурности или стравови. Доколку партнерот упорно се труди да ги дознае сите „женски разговори“ помеѓу неговата партнерка и нејзината најдобра другарка, тогаш со таквото однесување може само да предизвика непотребна кавга.

5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот маж

2. Проверката на поранешните момчиња

Љубопитноста е главната причина за проверка на поранешните момчиња на социјалните мрежи. Едноставната љубопитност нѐ тера да провериме што прават тие, дали промениле некои навики, дали пронашле среќа во љубовта… Сепак, оваа љубопитност тешко може да му се објасни на партнерот без да настане љубомора и сомнеж. Поради тоа, повеќето девојки своите бивши партнери ги проверуваат во тајност.

3. Несогласувањето со мајката на партнерот

За жал, во повеќето случаи, односот на девојките со идната свекрва не е совршен. Тешко е да се исполнат очекувањата на една жена која ги вложила сета своја љубов и внимание во одгледување на своето дете. Кога односите со идната свекрва не се добри, девојката ова ќе го чува во тајност сѐ додека не дојде до ескалација на некоја ситуација. Ваквата постапка најверојатно уште повеќе ќе го отежни враќањето на односите во нормала, но сепак девојките често избегнуваат мешање помеѓу мајката и синот.

5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот маж

4. Контактирањето со бившиот

Доколку понекогаш девојката се сретнува со бившиот, ваквото дружење е уште потешко за објаснување отколку следењето на неговиот профил на социјалните мрежи. Сепак, доколку станува збор за долгогодишна врска која завршила на мирен начин, комуникацијата со бившиот е всушност разбирлива. Тешко е да се избрише некој од животот со кого секојдневно сте се дружеле, со години. Но, сокривањето на ваквото дружење всушност може да има полоши последици отколку признанието дека ова дружење постои. Доколку партнерот дознае за ова, првата работа на која ќе помисли е неверството.

5. Најлудите работи кои ги направила додека излегувала со другарките

Девојката ќе сака да го запознае партнерот со сите нејзини пријателки. Притоа, сигурно ќе му бидат прераскажани некои настани од заедничките излегувања, но деталите ќе останат во тајност. Ситуацијата кога му заѕвонела на бившиот и му рекла дека сѐ уште го сака, кога бакнала некој непознат или испила малку повеќе – сите овие работи сепак ќе останат тајна помеѓу нејзините најблиски пријателки. Сепак, постои можност по неколку години таа да му раскаже за некоја луда ситуација од нејзините студентски денови.

5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот маж

Здравиот однос со партнерот се темели на искреност. Сепак, некои тајни остануваат скриени и не претставуваат опасност. Ситните тајни кои ги делиме со пријателките, како проверувањето на бившиот партнер и лудите излегувања пред неколку години, можат да останат тајни кои не предизвикуваат болка за никого. Но, доколку чувствата за бившиот партнер повторно се појават, мајката на партнерот упорно нѐ напаѓа, доколку средбите со бившиот се повеќе од дружење и излегувањето пред неколку години имало катастрофални последици, тогаш овие ситуации ќе влијаат на врската без разлика колку и да е цврста.

Прочитајте и кои тајни ги откриваат само вистински заљубените мажи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар