5 суптилни начини на кои можеби сексуално ги деградирате жените околу вас
Ако се фатите себеси како психички или вербално ѝ судите на некоја жена поради нејзината облека, нејзиниот говор, промискуитет, флертувачки карактер или што било друго поврзано со нејзината сексуалност или однесување – тогаш да, и вие сексуално ги омаловажувате жените околу вас. Погледнете кои се останатите начини на кои можеби сексуално ги омаловажувате жените околу вас.
1. Кога им судите дека начинот на кој се облекле е „невкусен“
Ако некогаш сте виделе жена и сте помислиле: „Тоа е премногу тесно, секси, со предлабоко деколте, невкусно или ку*винско“, тогаш вие ѝ судите. Тешко е да се признае, но многу од нас кога ќе видат жена во тесна облека или облека која е премногу отворена, веднаш помислуваме: „Таа не треба да го носи тоа“ или „Јас никогаш не би го облекла тоа“.
Жалното нешто е што овие мисли се поттикнати од општеството во кое живееме, кое поради патријархалноста сè уште дозволува силување и експлоатација на жените. Затоа можеби и е толку тешко да престанеме да го правиме тоа. Но, факт е дека треба да престанеме, затоа што е злобно и затоа што секоја навика има одвика.
2. Ги критикувате жените кои ги изневериле нивните партнери
Некогаш луѓето кои изневеруваат имаат навистина комплицирани причини кои оние околу нив не можат да ги разберат. Во други случаи, едноставно зафркнуваат. Без разлика што е, жените кои изневеруваат не заслужуваат да бидат нарекувани „ку*ви и проститутки“ или малтретирани и омаловажувани на ниеден начин – ниту вербален, ниту психички ниту преку озборување. Не треба да им судите на жените кои ги изневериле нивните партнери (или кои се дел од неверството) затоа што никогаш не знаете која е причината зад сето тоа, а и воопшто не треба да ве засега вам.
3. Ги фетишизирате вашите сексуално поактивни пријатели
Секогаш е интересно да слушате за туѓите сексуални авантури и нема ништо лошо во славењето на активниот сексуален живот или во тоа да сакате да слушате такви приказни. Сепак, навистина е важно да поставите граници со другата личност и да внимавате да не ги преминете.
Сексот е забавен – затоа има смисла да ви биде забавно кога слушате нечии сексуални приказни, но ако тие премногу ве интересираат може да изгледа како да ги фетишизирате. Внимавајте туѓите искуства да не ги третирате како свои. Исто така, не смеете да зборувате за нивните искуства како да се за ваша лична забава и не зборувајте со непочитување за нивните сексуални партнери. Ако ги правите овие нешта, вие ја деградирате личноста која ја кажува приказната, но и неговиот/нејзиниот партнер, а тоа не е во ред.
4. Мислите дека моногамијата е единствениот „нормален“ начин да се биде во врска
Иако сме навикнати на моногамија и повторно, поради општеството во кое живееме, сметаме дека таа е единствениот начин на кој треба да се заснова една врска. Но, тоа не важи за сите. Не е во ред да им судите на полигамистите. Причината за суд најчесто доаѓа затоа што не можеме да сфатиме од каде потекнува нивниот порив. Сега, во 21-виот век, во е ред да се има разновиден сексуален живот и врски онакви какви што секој сака.
Ако одбивно ја нишате главата секогаш кога се спомнува полигамија или им судите на полигамистите, тогаш треба да поработите на тоа. Моногамијата можеби е „нормалниот“ начин за вас, но не мора да значи дека е и единствен и нормален за останатите.
5. Кога им кажувате на другите жени дека разговорот за секс е непристоен
Очигледно, одвреме-навреме е во ред да им кажете да внимаваат што зборуваат – ако сте на крштевка или на погреб или пак некој гласно се искажува со несоодветни зборови. Тогаш е во ред да ги замолите да ја почитуваат ситуацијата.
Но, во просек, т.е. во секојдневни ситуации не треба да им кажувате на луѓето што и како да зборуваат. Ако сте во ресторан и жената на масата до вас сака да зборува за секс тогаш не смеете да ѝ пристапите и да ѝ кажете дека она што го зборува е „непристојно“. Ако ви смета, тогаш седнете на друга маса. Живееме во 21-от век каде сексот е нормално нешто – редно е да почнеме така и да се однесуваме.