5 стратегии за справување со интровертноста

5 стратегии за справување со интровертноста

Многумина интроверти активно се занимаваат со прашањето како да ја надминат интровертноста. Сите овие стратегии имаат нешто заедничко, а тоа е излегување од зоната на комфорот. Па доколку успеавме да ве заинтригираме, во продолжение прочитајте кои се тие.

5 стратегии за справување со интровертноста

1. Започнување разговор – Некои интроверти настапуваат со стратегијата на организирање домашни забави. Решаваат да стојат на влезната врата и секој гостин да го поздравуваат индивидуално. Тие се претставуваат, се обидуваат да дознаат некои основни информации за луѓето кои доаѓаат и така подоцна наоѓаат соодветни теми за разговор. Може и да не сте организатори на забава, а сепак да се трудите да се запознаете со што повеќе луѓе на одреден настан. Тоа ќе направи тие да се чувствуваат добредојдено, а вас ќе ве опушти за идни разговори со други луѓе.

2. Јавно говорење – Одредени интроверти кои имаат страв од јавно говорење, намерно се изложуваат на ситуации кои ја бараат токму таа вештина. Па, ако сте интроверти, искористувајте ја секоја прилика за зборување пред публика. На пример, доколку сте дел од поетско читање, соберете храброст први да настапите и ќе видите колку убаво ќе се чувствувате кога сето тоа ќе помине.

3. Глумење – Постојат луѓе кои природно се многу повлечени, а сепак оддаваат впечаток на весели и разговорливи луѓе. Тоа е така бидејќи успешно глумат и ги затскриваат длабоките чувства. Со ваквата стратегија, комуникацијата со луѓето ја гледате како еден вид претстава, во која вие сте во екстравертна улога.

4. Поставување прашања – Во неодамна објавената книга на психологот Едгар Шајн се вели дека понизното поставување прашања претставува искрен напор за запознавање на другата личност, што пак ја прави поопуштена во ваше друштво и спремна за подлабоки и подолги разговори.

5. Подготвеност – Понекогаш интровертите се чувствуваат неудобно кога треба да зборуваат за себе, да одговорат на сложено прашање или кога треба да дадат свое лично мислење. Експертот за срамежливост, Бернардо Кардучи, вели дека подготвеноста е клучна во вакви ситуации. Затоа, се препорачува интровертите однапред да подготвуваат одговори и веќе да имаат смислено што ќе кажат во такви ситуации.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. whocares Reply

    Misleshe kako da se spravuva so sramezlivost ,a ne so introvertnosta.
    Learn the difference people.

Остави коментар