5 стратегии за преземање ризици
Понекогаш колку поголем е ризикот, толку поголема е наградата. Можете да го живеете животот без ниту еднаш да не излезете од вашата удобна зона, без ниту еднаш да не ризикувате, а да бидете среќни. Сепак, мислите од типот: што ако, да можев, кога би… неминовно предизвикуваат жалење за работите што не сте ги направиле бидејќи не сте биле доволно храбри. Понекогаш животот вреди да се живее токму поради ризиците… Во продолжение прочитајте ги нашите стратегии за преземање предизвици.
Неуспехот е дел од успехот
Фактот дека неуспехот е дел од процесот кон постигањето успех е нешто што многумина од нас го забораваат или не можат да го прифатат. Никој не може да постигне големи резултати кога прави нешто за прв пат. Сетете се, на пример, кога учевте да возите велосипед или безуспешно се обидувавте да ги врзете врвките на чевлите. Сфатете го неуспехот како чекор напред кон успехот.
Направете проценка на она што ќе го добиете и она што ќе го изгубите
Исто како и секој потфат, кога размислувате за ризик, морате да ги земете предвид добивката и загубата. Сакате да започнете сопствен бизнис? Колку средства сте подготвени да потрошите пред да почнете да заработувате? Добро размислете за вашата финансиска стабилност, а потоа одлучете дали вреди да ризикувате или не.
Дејствувајте како ова да ви е единствена можност
Вложете ги сите ваши сили во ризикот што ќе го преземете, како ова да е единствена шанса која никогаш нема да се повтори. Осигурете се дека ризикот што го преземате е она што вистински го посакувате. На пример, сакате да работите во друга земја – можеби ќе ви треба повеќе време да се навикнете на јазикот, културата, можеби ќе ви недостига домот – сепак, тоа ќе биде вистинска авантура за вас, а авантурите не се авантури без тешкотии! Секако, можеби и навистина ќе имате и други можности, но не дозволувајте тоа да ви биде изговор доколку можноста ви се пружи токму сега.
Бидете онакви какви што сте
Размислете каков ризик сакате да преземете. Дали се совпаѓа со вашите цели, амбиции и вашата личност? Изберете ризик кој ќе одговара на вашата личност и не обидувајте се да се промените себеси поради ризикот. Се разбира, ќе морате да ја напуштите удобната зона, но не очекувајте дека тоа целосно ќе ве трансформира. Изберете ризик кој има потенцијал да ве направи среќни, а не ризик кој можеби повеќе би им одговарал на другите. Спознајте се.
Верувајте во себе
Најверојатно ќе наидете на моменти кога другите ќе ве обесхрабруваат. Ќе има мигови кога и самите ќе се сомневате дали сте го направиле вистинскиот избор – да ризикувате. Во тие моменти доволно е да се сетите дека веќе сте ги процениле потенцијалните добивки и загуби и дека сте одлучиле на таков чекор бидејќи верувате во своите способности. Само така ќе успеете!
Откако ги прочитавте нашите стратегии за преземање ризици, можеби ќе сакате да прочитате и кои 9 ризици треба секој да ги преземе барем еднаш во животот.
Извор: allwomenstalk.com