5 совети за воспоставување рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот
И покрај напредокот во технологијата која наводно ни го олеснува животот, ние работиме понапорно и подолго од кога било. Работата во смени и работата за време на викенд, исто така го зголемуваат нашиот секојдневен стрес. Тоа е причината зошто многумина од нас страдаат како резултат на неурамнотежениот професионален живот. Еве како да постигнете подобра рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот:
Игнорирајте ги мејловите
Можете да постигнете подобра рамнотежа во работниот живот така што ќе се држите подалеку од вашата е-пошта надвор од работното време. Две или три пораки од колеги или клиенти можат понекогаш навистина да ви го нарушат расположението и менталната благосостојба.
Научете да кажете „НЕ“
Има толку многу работници кои се плашат да кажат не на нивните шефови бидејќи мислат дека тоа лошо ќе се одрази на нив. Треба рано да ги поставите вашите професионални граници, така што оние над вас знаат да не бараат премногу. Имајте на ум дека е тенка линијата помеѓу напорното работење и искористувањето и затоа никогаш не треба да се плашите да застанете во одбрана на сопствените интереси.
Работете попаметно
Седнете и размислете како можете да го направите вашиот работен ден попродуктивен, без разлика дали тоа значи да го преместите вашиот час за ручек или да разговарате за некои промени со вашиот шеф.
Оставете ги работните задачи на работа
Ова е веројатно најважната точка од сите. Од голема важност е да не дозволите стресовите од вашиот професионален живот да влијаат врз вашиот личен живот. Ако имате слободно време секој ден без притоа да размислувате постојано за вашата работа, ќе можете секое утро да се враќате во канцеларија со освежен ум и нова енергија.
Откажете се од совршенството
Сè што можете да правите секој ден може да биде совршено, но не значи дека не сте се потрудиле максимално доколку резултатот не е совршен. Доколку сте опседнати со помислата дека сè што правите мора да биде совршено може да го сведе вашиот ден на куп обврски и задачи без ниту еден момент на уживање. Затоа, прифатете го фактот дека вложувањето максимален труд е сето она на кое може да се надева вашиот работодавец.
Откако ги прочитавте нашите совети за воспоставување рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие универзални вистини кои ќе ви го променат погледот на животот.
Извор: allwomenstalk.com