5 совети за подобрување на емоционалната интелигенција

5 совети за подобрување на емоционалната интелигенција

Емоционалната интелигенција ја дефинира нашата способност да ги разбереме своите чувства и да управуваме со нив, но и да се снајдеме со чувствата на луѓето околу нас. Според психолозите, многу е важна за односите со блиските, но и на професионален план. Доколку сакаме да се развиваме на емотивен план, добро е да се знае и дека овој вид интелигенција може да се надградува и унапредува, особено со следење на следниве совети…

5 совети за подобрување на емоционалната интелигенција

1. Подобрете ја својата способност за издржување негативни емоции

Ние сме она што го мислиме и чувствуваме, па токму затоа најважен аспект на емоционалната интелигенција е мудрото контролирање на негативните емоции. Секоја личност треба да знае како да не им дозволи да го преполнат и да влијаат на разумното расудување. Можно ли е да ги промениме своите емоции во врска со некои случки или ситуации? Секако, но само доколку го промениме и мислењето за таа ситуација.

2. Потрудете се да останете присебни дури и под притисок

Стресовите се секојдневна појава и влијаат на сите нас, па затоа потребно е да се применува некоја техника за контрола на импулсивноста. На пример, најстар совет во ваков случај е броењето до 10, со цел да избегнете да кажете нешто непромислено. Обидете се да не реагирате ниту премногу офанзивно, ниту пак да се повлекувате и депримирате. Кога наеднаш сте преплавени од многу емоции и не сте во состојба да ги разграничите, обидете се да се смирите, поминете неколку минути на сонце или во природа и веќе по кратко време ќе знаете како да си ја олесните новонастанатата ситуација.

3. Научете да ги читате сигналите

Луѓето кои поседуваат висока емоционална интелигенција имаат и напредна способност за толкување на емотивните, физичките и вербалните изрази, а со тоа се и подобри во комуникацијата. Не носете заклучок врз основа на првиот впечаток. Проширете ги своите перспективи, за да бидете подобар „читател“ на социјалните сигнали. Добро е да бидете отворени и искрени, па ако нечии сигнали не ги разбирате, прашајте ја личноста зошто се однесува така, па донесете заклучок врз основа на одговорот, но и на однесувањето и говорот на телото.

5 совети за подобрување на емоционалната интелигенција

4. Научете да изразувате и негативни емоции

Секоја личност треба да постави граници и да научи да каже „не“ кога со нешто не се согласува. Вашите приоритети се најважни за вас, па затоа и другите треба да знаат како се чувствувате во дадена ситуација. Запомнете само дека не смеете да настапите со обвинувачки став, туку со опис на тоа како ситуацијата влијаела на вас.

5. Научете да изразувате емоции во блиските односи

Нежностите и изразувањето блискост се вештини кои треба да се учат и совладаат. Не е доволно само да кажувате убави зборови, туку и од вашата боја на гласот, погледот и насмевката да се читаат чувствата кои ги негувате кон некого. Бидете поддршка за оние кои се повредени, израдувајте ги пријателите со ситни подароци или подгответе оброк за вашето семејство. Покажете им на сите кои ви значат дека сакате вашиот однос да биде уште поблизок.

Проверете и дали погрешно ги толкувате вашите емоции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар