5 совети за отстранување на „топчињата“ од волнената облека

5 совети за отстранување на „топчињата“ од волнената облека

Најверојатно сите ние сме доживеале некоја „незгода“ со облеката, како што се „топчињата“ кои се создаваат на волнената облека и со тоа се создава впечаток дека таа е стара и износена. Но, и за овој мал естетски проблем постојат брзи решенија, а со нашиот мал моден СОС совет вашиот стар џемпер би требало да изгледа како нов.

1-5-soveti-za-otstranuvanje-na-topchinjata-od-volnenata-obleka-www.kafepauza.mk_

1. Ножици

„Топчињата“ најчесто ќе ги отстраните со ножици, но мора да бидете внимателни да не го исечете џемперот. Ставете го на рамна површина, а потоа „топченцата“ фатете ги со прсти и внимателно исечете ги.

2. Чешел или камен за џемпери

Овие два производи се наменети за отстранување на остатокот од волната и можете да ги купите во поголемите маркети или пак да ги порачате од Интернет.

3. Камен за пети

Доколку морате брзо да ги отстраните „топчињата“, а немате при рака камен за волна или чешел, тогаш употребете камен за пети. Неговата груба текстура е одлична јадица на која ќе се закачат овие мали волнени топчиња. Со нежни движења преминете преку облеката која сакате да ја исчистите, а „топчињата“ поради нивната текстура ќе се фатат за грубиот камен. Ова е брзо и едноставно решение, но треба да запомните дека мора да бидете екстра внимателни за да не ја оштетите облеката.

2-5-soveti-za-otstranuvanje-na-topchinjata-od-volnenata-obleka-www.kafepauza.mk_

4. Жилет

За трикот со жилетот да биде успешен, облеката која планирате да ја „третирате“ прво свртете ја наопаку и исперете ја на соодветната температура. Кога облеката ќе се исуши вратете ја на вистинската страна и раширете ја. Потоа со рака затегнете го делот преку кој ќе поминете со жилетот. Со лесни движења отстранете ги „топчињата“, но држете го жилетот доволно далеку за да не ја оштетите ткаенината. После оваа мала „естетска операција“ облеката треба да изгледа како нова.

5. Сунѓер

Иако мекиот сунѓер и мекиот џемпер не се поими кои се врзуваат еден за друг, сепак во овој случај токму сунѓерот може на вашиот џемпер да му даде нов сјај. Лесно и на мала оддалеченост со грубата страна од сунѓерот поминувајте преку „топчињата“ кои би требало да се фатат на грубата текстура на ова кујнско помагало.

Совет плус: Никогаш не ги отстранувајте „топчињата“ со помош на прстите, односно не ги кинете, бидејќи на тој начин ќе ја оштетите волната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар