5 совети за освежување на врската која е заглавена во рутина
Врската бара постојано работење на неа. Секој ден е ден плус кој треба да го исполните со среќни спомени и во ниту еден случај не треба да престанете да се обидувате да го освојувате партнерот одново секој ден. Многу луѓе сметаат дека откако веќе се во врска, партнерот е тука за да остане и без разлика на сѐ ќе остане покрај нив. Но факт е дека за врската да опстане, потребно е да го освојувате партнерот одново и одново секој ден.
Сепак, бидејќи е сосема нормално врската да западне во некоја рутина, следниве 5 совети можат навистина да помогнат кога е потребно одново да ѝ ги наполните батериите.
1. Повеќе нежност
Со време, забораваме дека основата на убав однос меѓу партнерите е нежноста која секојдневно тие си ја подаруваат. Убавиот збор железни врати отвора е поговорка која не за џабе е толку позната меѓу народот. Обидете се да бидете малку пофини со личноста која ја сакате, направете да се чувствува сакана и почитувана, а најважно од сѐ – дека е важен дел од вашиот живот.
2. Подобра комуникација
Ако во основата на секоја врска лежи нежноста, тогаш клучот за секоја врска е комуникацијата. Неопходно е партнерите да можат да зборуваат еден со друг и да си кажуваат работи слободно и без затајувања. Затоа зборувајте повеќе. Дури и кога ви се чини дека нема што да си кажете или немате волја, ако сакате врската да ви успее, обидете се да зборувате повеќе еден со друг. Започнете со основното – вашето секојдневие. Понатаму зборовите сами ќе течат.
3. Заблагодарете се
Фала е, односно треба да е еден од најважните зборови во речникот на паровите. Со тек на време, забораваме да го кажуваме овој збор, а самиот по себе е од огромно значење. Му покажува на партнерот дека не само што сте забележале што направил, туку и дека тоа ви значи многу. И не само тоа. Покажете му дека навистина го мислите тоа што го кажувате така што и вие ќе направите нешто убаво за него.
4. Напуштете ја вашата удобна зона
Ако не ризикувате, тогаш никогаш нема да добиете. Играњето на сигурно е паметно, но некогаш потребно е да ги преминете тие граници за навистина да се почувствувате живи. Направете нешто со саканата личност што е тотално нетипично за вас. Пробајте нова храна, отпатувајте на некое егзотично место, имајте секс во секоја соба од станот. Што и да правите, знајте дека тоа само ќе ѝ помогне на вашата врска која веќе станала здодевна бидејќи не се случува ништо ново. Зачинете ја врската со спонтаност и многу љубов. И најмногу од сѐ – забавувајте се.
5. Имајте повеќе секс
Ниту една врска не може да живее без секс. Секој изговор кој ќе го најдете кога сте во долга врска и не чувствувате желба е излишен. Сексот зближува на многу начини, започнувајќи од интимноста, па сè до повеќе комуникација и чувство на исполнетост. Со други зборови, повеќе секс – поздрава врска. Ако причината поради која многу ретко имате секс со вашиот партнер е монотоноста, тогаш обидете се со нови нешта, на различни места и поинакви пози. Постојат мал милион начини како да го подобрите вашиот сексуален однос, а доколку сте во врска која е убаво заглавена во некоја рутина, сексот е можеби најбрзата работа која ќе ве извади од неа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.