5 совети со кои сончогледите ќе траат подолго во вазна
Сончогледите се вистински летни цвеќиња што изгледаат прекрасно во градината, но колку долго ќе изгледаат убаво во вазна зависи од неколку работи.
1. Бидете внимателни какви сончогледи избирате
При изборот на сончогледи што ќе ги ставите во вазна, најдобро е да ги изберете оние чии ливчиња штотуку почнуваат да се отвораат. Ако сончогледот е веќе целосно отворен, колку и да изгледа прекрасно, неговиот животен век во вазната ќе биде значително пократок. Затоа, изберете цврсти, здрави сончогледи кои штотуку почнуваат да се отвораат.
2. Наводнете ги пред да ги исечете
Ако имате сончогледи во вашата градина, важно е да ги наводните пред да ги исечете за во вазна. Имено, сончогледите сакаат многу вода, а поради големиот цвет и големото стебло, навистина им треба вода. Редовното наводнување, особено неколку часа пред да ги ставите во вазна, ќе спречи затворање на нивните ливчиња и виткање на целото цвеќе.
3. Исечете ги наутро, со многу остри ножици под агол од 45 степени
Друг трик што ќе спречи овенување на цвеќето е да го исечете рано наутро. Во попладневните и вечерните часови, сончогледите ќе бидат малку исушени од топлината.
4. Исчистете го вишокот лисја
За да може сончогледот да трае што подолго и да не мора да ја менувате водата во вазната секој ден, отстранете ги сите лисја што се вишок. Во спротивно, сончогледот ќе изгние во вазната, а покрај загадувањето на водата, во просторијата ќе почне да се шири и непријатен мирис.
5. Изберете соодветна локација
Иако сончогледите се познати по тоа што сакаат сончева светлина, приказната е нешто поразлична откако ќе се исечат и ќе се стават во вазна. Тогаш повеќе им одговара индиректна светлина, а колку е поладно местото каде што ќе ги ставите, толку подолго ќе останат свежи.
Погледнете ги овие фотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домот.